Заглавените астронаути се вратија на Земјата: Не можат да одат сами, може да имаат проблеми со срцето и видот

По девет месеци во вселената, астронаутите Сунита (59) и Бери (62) ќе поминат најмалку 45 дена на рехабилитација, со цел да си го стабилизираат здравјето. Со какви проблеми може да се соочат по толку долг престој во микрогравитација?

zaglavenite-astronauti-se-vratija-na-zemjata-ne-mozhat-da-odat-sami-mozhe-da-imaat-problemi-so-srceto-i-vidot-01.jpg

По девет долги месеци на Меѓународната вселенска станица, астронаутите Сунита (Суни) Вилијамс и Бери (Буч) Вилмор, конечно се вратија на Земјата.

Тие слетаа покрај брегот на Талахаси, Флорида вчера во 22:57 часот (17:57 по американско време).

zaglavenite-astronauti-se-vratija-na-zemjata-ne-mozhat-da-odat-sami-mozhe-da-imaat-problemi-so-srceto-i-vidot-06.JPG

Астронаутите се вратија со капсулата Crew Dragon на SpaceX, а помошници во мисијата им беа астронаутот Ник Хаг од НАСА, како и космонаутот Александар Горбунов.

Откако капсулата слета во океанот, спасувачки тим ја извлече на брегот пред да ја отвори вратата.

zaglavenite-astronauti-se-vratija-na-zemjata-ne-mozhat-da-odat-sami-mozhe-da-imaat-problemi-so-srceto-i-vidot-11.JPG

Сунита и Бери беа ставени на носилки бидејќи по девет месеци во микрогравитација, не се во можност да се движат сами.

zaglavenite-astronauti-se-vratija-na-zemjata-ne-mozhat-da-odat-sami-mozhe-da-imaat-problemi-so-srceto-i-vidot-09.JPG

zaglavenite-astronauti-se-vratija-na-zemjata-ne-mozhat-da-odat-sami-mozhe-da-imaat-problemi-so-srceto-i-vidot-08.JPG

Иако се на Земјата, Сунита и Бери ќе поминат неколку дена во просториите на НАСА во Хјустон каде што ќе се следи нивното здравје. Дури потоа ќе можат да одат кај нивните семејства.

Обично астронаутите кои се враќаат од долги мисии на Меѓународната вселенска станица поминуваат програма за рехабилитација која трае 45 дена.

zaglavenite-astronauti-se-vratija-na-zemjata-ne-mozhat-da-odat-sami-mozhe-da-imaat-problemi-so-srceto-i-vidot-07.JPG

Како ќе се одвива адаптирањето на Земјата, по девет месеци во вселената?

Прва фаза

Најпрво, астронаутите треба да си ги вратат силата, флексибилноста и способноста за одење.

За оваа цел, најверојатно ќе вежбаат секој ден со цел да ги зајакнат мускулите.

zaglavenite-astronauti-se-vratija-na-zemjata-ne-mozhat-da-odat-sami-mozhe-da-imaat-problemi-so-srceto-i-vidot-13.JPG

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Зошто многу мажи во Јапонија им ја даваат целата своја плата на жените? Голем дел од мажите во Јапонија веруваат дека нивните сопруги добро и одговорно ...
Заглавените астронаути се враќаат на Земјата по 9 месеци – капсулата пристигна на Меѓународната всел... Синоќа (16.03) капсулата што треба да ги врати астронаутите Сунита Вилијам и Бер...
Сопругот ја напуштил за 15-годишно девојче - Детали за тешкиот живот на Линда Еванс Ѕвездата од „Династија“, била сон на секој маж, но немала среќа во љубовта и со ...
Брачните проблеми на Мишел и Барак Обама, среде гласините за развод (и неговата наводна афера) Мишел има изјавено дека чувствувала презир кон Барак бидејќи тој се фокусирал на...
Гласини за убиства, силувања и дивеење – Мрачните тајни на најбогатото кралско семејство во светот Еден член на кралското семејство го уби својот слуга среде Лондон, а подоцна се ...
„Поради рак на дојка, не можам да имам деца – најдобрата другарка ми беше сурогат мајка“ „Отсекогаш сакав да станам мајка и по дијагнозата со рак, мислев дека ќе биде не...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg