Kaко изгледал животот на сијамските близначки со иста глава, но различни мозоци, кои доживеаја 62 години?
- Детали
- среда, 19 февруари 2025
Тие биле инспирација за многу луѓе со попречености, покажувајќи дека независноста е можна дури и во екстремни околности. И покрај лошите прогнози на докторите, доживеале 62-годишна старост.
Лори и Дори Чапел (која подоцна станала Џорџ Чапел) од САД се едни од најпознатите сијамски близначки во модерната историја, познати по тоа што успеале да живеат независни животи и покрај нивната уникатна состојба.
Тие доживеале 62 години и починале на 7-ми април 2024-та година.
Лори била способна да оди, додека другата користела инвалидска количка. Заедно осмислиле начин на движење каде што Лори ја турка количката, а другата ја насочува.
Дори, која извесен период го користела и името Реба, во 2007 година се изјаснила дека е трансродова личност и се чувствува како маж, претставувајќи се како Џорџ.
Близначките родени се во 1961 година во Пенсилванија, САД и се краниопагусни сијамски близначки – споени со главите, но со одделни мозоци.
Краниопагусни сијамски близначки се близначки кои се споени во пределот на черепот. Ова е една од најретките форми на сијамски близнаци и се јавува кај само околу 2% од сите сијамски близнаци.
Бидејќи ова е многу ретка состојба и лекарите на почетокот не очекувале дека ќе преживеат, но тие го докажале спротивното.
Иако биле физички поврзани, тие имале многу различни интереси, кариери и идентитети.
И покрај предизвиците, завршиле училиште и живееле независен живот, без постојана медицинска нега.
Живееле сами во сопствен стан, без родители или болничка грижа.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





