Барон Трамп се врати на факултет по инаугурацијата на татко му: „Многу е популарен кај колешките, згоден е и висок“
- Детали
- среда, 05 февруари 2025
Барон Трамп продолжува со студиите на New York University, а на кампусот пристигна со приватен шофер, но и обезбедување кое го придржува насекаде. Мајка му Меланија, пак, вели дека е горда што одлично се справува со фактот дека е поразличен од колегите поради позицијата на татко му.
Две недели по инаугурацијата на татко му Доналд, Барон Трамп се врати на факултет.
18-годишниот студент беше забележан на кампусот на New York University каде што студира бизнис и економија и каде што една академска година чини околу 85.000 долари.
За првиот училиштен ден (од новиот семестар) Барон избрал бел џемпер и црни панталони, во комбинација со патики.
Барон пристигна на кампусот во автомобил со приватен шофер, но и обезбедување.
Сепак, Барон е син на еден од најмоќните политичари моментално, и не смее да излезе од дома без обезбедување.
Поради ова, и мајка му Меланија изјави дека веројатно нема да има „нормални“ студентски денови како неговите колеги.
Барон се запиша на факултет во септември 2024, а уште на првиот ден на факултет беше опкружен со обезбедување кое не го напуштило кампусот додека тој бил таму.
„Мислам дека е невозможно да биде нормален студент. Неговото искуство на факултет е многу поразлично.
Но, горда сум како се справува со сè. Многу е силен и знае дека е во различна положба од другите деца“, изјави Меланија во интервју за Fox News.
Сепак, Меланија вели дека го советувала Барон самиот да одлучи што ќе прави со својот живот, без разлика на неговиот татко.
„Му реков да си ги исполни неговите соништа. Дека ова е негов пат, негов живот.
Го советував да се слуша себеси и да размисли што му се допаѓа, а што не“.
Истиот период, за магазинот People, извор близок до Барон изјави дека тој бил и мошне популарен на факултет.
Дури и луѓе кои не ја поддржувале партијата на татко му, имале добро мислење за него.
„Учи бизнис и економија. Дефинитивно е попопуларен кај колешките на факултет. Висок е и згоден.
Многу луѓе мислат дека е атрактивен и да – дури и противниците на татко му го сакаат“.
Инаку, Барон е најмладиот син на Доналд Трамп, како и единственото дете што го има добиено со Меланија.
Го добија во 2006-та, една година по свадбата, а откако го роди, Меланија скоро целото свое време му го посветува нему.
Прочитајте и: Се школувал под лажно име, не смеел сам да оди ни во тоалет: Тажниот живот на синот на Доналд и Меланија Трамп
Спирова С. | Црнобело