„Живеам во најсеверниот град на светот - шетаат поларни мечки и ограничено е колку алкохол може да купиме“

„Го напуштив мојот дом во Осло и се преселив во најсеверниот град на светот - кога првпат стапнав буквално ми изгледаше како да сум на друга планета. Неверојатно е колку е поинакво од мојот стар дом во Осло...“, раскажува Евелин Лунд.

zhiveam-vo-najseverniot-grad-na-svetot-shetaat-polarni-mechki-i-ogranicheno-e-kolku-alkohol-mozhe-da-kupime-01.jpg

Евелин Лунд од Осло, Норвешка, се преселила во најсеверниот град на светот Longyearbyen, каде вели дека многу работи ја изненадиле.

Таа ги споделува своите впечатоци оттаму, како на Инстаграм, така и за медиумите.

Нејзиното искуство од животот таму:

„Отсекогаш ме привлекувала природата и за мене преселбата во Свалбард беше совршена одлука.

zhiveam-vo-najseverniot-grad-na-svetot-shetaat-polarni-mechki-i-ogranicheno-e-kolku-alkohol-mozhe-da-kupime-19.jpg

Свалбард или Шпицбершките Острови се група на острови во Северноледениот Океан, околу 635km северно од Норвешка, а североисточно од Гренланд.

Овој оддалечен архипелаг е дом на најсеверниот град на светот Longyearbyen.

zhiveam-vo-najseverniot-grad-na-svetot-shetaat-polarni-mechki-i-ogranicheno-e-kolku-alkohol-mozhe-da-kupime-12.jpg

Кога првпат отидов таму, како да отидов на друга планета.

zhiveam-vo-najseverniot-grad-na-svetot-shetaat-polarni-mechki-i-ogranicheno-e-kolku-alkohol-mozhe-da-kupime-16.jpg

Свалбард има околу 1.000 постојани жители, и е место каде на улиците ќе пронајдете предупредувачки знаци дека има поларни мечки, кои шетаат наоколу.

Неверојатно е колку е поинакво од мојот стар дом во Осло.

zhiveam-vo-najseverniot-grad-na-svetot-shetaat-polarni-mechki-i-ogranicheno-e-kolku-alkohol-mozhe-da-kupime-17.jpg

Мора да признаам дека најмногу ме изненади картичката за купување на алкохол, која ја добив и која ја ограничува купената количина алкохол на месечно ниво која еден жител може да ја купи.

zhiveam-vo-najseverniot-grad-na-svetot-shetaat-polarni-mechki-i-ogranicheno-e-kolku-alkohol-mozhe-da-kupime-02_copy.jpg

Во просек, кога станува збор за пиво, месечно еден жител може да купи 24 лименки.

Системот датира од времето кога Свалбард бил рударска заедница и алкохолот бил ограничен за да се спречи прекумерно пиење.

Не знам зошто правилото уште важи, но важи.

zhiveam-vo-najseverniot-grad-na-svetot-shetaat-polarni-mechki-i-ogranicheno-e-kolku-alkohol-mozhe-da-kupime-03_1.jpg

Поларните мечки се насекаде и да се држат на страна од градот Longyearbyen е клучно.

zhiveam-vo-najseverniot-grad-na-svetot-shetaat-polarni-mechki-i-ogranicheno-e-kolku-alkohol-mozhe-da-kupime-21.jpg

Уште кога ги добив клучевите од мојот прв дом ми беше кажано дека сите домови мора да имаат мелница за остатоци од храна (кои по мелењето одат директно во одводот), затоа што не смее да се фрлаат надвор остатоци од храна, бидејќи тоа ќе ги привлече мечките.

Оваа мерка за безбедност ја почитуваат сите.

zhiveam-vo-najseverniot-grad-na-svetot-shetaat-polarni-mechki-i-ogranicheno-e-kolku-alkohol-mozhe-da-kupime-18.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Млад пар вдомил теле како милениче: „Спие во гаражата, но преку ден е дома со нас“ За повеќето, чувањето миленик значи грижа за мачка, куче или, пак, хрчак или риб...
Добри уметници, но лоши родители - Славни личности кои не разговараат со своите деца 50 Cent го споредил својот син со змија. Религијата во која членува Том Круз не ...
Бараше да му биде извршена евтаназија, но почина мирно во својот дом – Светот се простува од Ален Де... Неговите деца цела година водеа жестока битка за тоа како треба да се лекува акт...
Познати личности чии деца починале Сообраќајка, задушување, ретки болести, предозираност...Ова се само дел од причи...
Растеле во мизерни услови со родители алкохоличари - светски ѕвезди кои биле сиромашни како деца Џастин Бибер немал пари ни за сок. Ники Минаж секоја вечер на колена се молела д...
„Во младоста донирав сперма - Дознав дека сум татко на 37 деца откако ме контактира едно од нив“ Питер Еленштајн од Лос Анџелес е човекот на кого една порака на Фејсбук му го пр...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg