„Живеам во најсеверниот град на светот - шетаат поларни мечки и ограничено е колку алкохол може да купиме“
Речиси 4 месеци имаме 24/7 ноќ и среде ова студенило и темнина најголема награда ни е гледањето на Поларната светлина.
И покрај оддалеченоста, интернет врската во Longyearbyen е совршена.
Жителите се охрабрени да носат пушка, односно некакво огнено оружје, кога го напуштаат градот за во случај ако наидат на поларна мечка.
Во овој реон живеат многу поларни мечки, нападите се ретки, но заканата е вистинска.
Жителите носат и пиштоли за заплашување и прво ги користат нив, а огненото оружје е во случај на нужда.
Мечките се заштитени со закон и убивањето мечка е дозволено само во животозагрозувачки ситуации.
И, се разбира, прво треба да посетите курс и да добиете дозвола за оружје.
Но, да бидете подготвени за секакви ситуации е неопходно“.