Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Измамник изнудил 800.000 евра од Французинка – ја лажел дека е Бред Пит и дека му требаат пари за операција

Жена од Франција била убедена дека се допишува со Бред Пит и дека му дава пари за операција бидејќи измамникот ѝ праќал фотографии и видеа од актерот направени со вештачка интелигенција. Во текот на нешто повеќе од една година, тој изнудил скоро милион евра од неа.

izmamnik-iznudil-800-000-evra-od-francuzinka-ja-lazhel-deka-e-bred-pit-i-deka-mu-trebaat-pari-za-operacija-01.jpg

Французинка била жртва на онлајн измама, откако измамник ѝ се претставувал како актерот Бред Пит и од неа успеал да изнуди над 800.000 евра.

53-годишната жена верувала дека актерот има рак и дека со парите му го плаќа лекувањето.

Измамникот користел видеа и фотографии направени со помош на вештачка интелигенција, што, пак, било доволно да ја убеди жената дека сепак е во контакт со познатиот актер.

izmamnik-iznudil-800-000-evra-od-francuzinka-ja-lazhel-deka-e-bred-pit-i-deka-mu-trebaat-pari-za-operacija-9.JPG

Според француските медиуми, најпрво жената била контактирана на Инстаграм од друга жена, која ѝ се претставила како мајката на Бред Пит.

Следниот ден, добила порака од друг Инстаграм профил, а корисникот ѝ се претставил како актерот.

Тој период, жртвата на измамата била во брак (со сопруг милионер), но бидејќи имале проблеми, продолжила да комуницира со „Бред Пит“.

izmamnik-iznudil-800-000-evra-od-francuzinka-ja-lazhel-deka-e-bred-pit-i-deka-mu-trebaat-pari-za-operacija-02.JPG

Во изјава за француски медиум, таа вели дека сè почнало во февруари 2023-та, а набрзо се зближиле и редовно се допишувале.

„Малку се мажите кои пишуваат такви пораки.

Ми се допаѓаше мажот со којшто се допишував. Знаеше како да разговара со жени“.

Жената истакнува дека на почетокот се сомневала дека профилот е лажен, но поради фотографиите и видеа направени со помош на вештачка интелигенција, поверувала дека профилот навистина е на актерот.

По некое време, измамникот почнал да ѝ ветува разни луксузни подароци.

Единствено, ѝ рекол, дека ќе мора самата да плати за царина и достава.

Тој ѝ кажал каде да ги уплаќа парите и на овој начин измамникот успеал да изнуди околу 9.000 евра од неа.

izmamnik-iznudil-800-000-evra-od-francuzinka-ja-lazhel-deka-e-bred-pit-i-deka-mu-trebaat-pari-za-operacija-7.JPG

Потоа жената му кажала на измамникот дека има проблеми во бракот, а откако се развела, на измамникот му открила дека очекува да добие голема сума од разводот.

Па, измамникот почнал да бара повеќе.

Ѝ рекол дека му треба итен медицински третман за рак на бубрегот, но дека немал пари поради тековниот развод со Анџелина Џоли.

izmamnik-iznudil-800-000-evra-od-francuzinka-ja-lazhel-deka-e-bred-pit-i-deka-mu-trebaat-pari-za-operacija-08.JPG

Измамникот продолжил да испраќа и фотографии направени со вештачка интелигенција на кои се гледа актерот во болница.

Жената му праќала пари за лекување и стигнала до сума од над 800.000 евра.

Веројатно измамата ќе потраела, но жената видела фотографии од Бред Пит и неговата девојка Инес де Рамон.

И, вели, тогаш сфатила дека нешто не е во ред, па веднаш го пријавила случајот.

izmamnik-iznudil-800-000-evra-od-francuzinka-ja-lazhel-deka-e-bred-pit-i-deka-mu-trebaat-pari-za-operacija-05.JPG

Истрагата уште трае, а според француските медиуми, жената моментално е во депресија за што добива и третман.

Жената се соочи со критики поради нејзината наивност, но многумина ѝ покажуваат сочувство.

„Најсурови се измамите каде што некој мисли дека е во врска“.

„Тажно е што ова им се случува на повозрасните луѓе. Не им е јасно како функционира модерната технологија“.

„Поради ова е важно да проверувате што прават вашите родители онлајн“.

izmamnik-iznudil-800-000-evra-od-francuzinka-ja-lazhel-deka-e-bred-pit-i-deka-mu-trebaat-pari-za-operacija-04.JPG

Не е познато дали жената успеала да врати барем дел од парите што му ги дала на измамникот, а не се знае ни дали полицијата го фатила.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Бараше да му биде извршена евтаназија, но почина мирно во својот дом – Светот се простува од Ален Де... Неговите деца цела година водеа жестока битка за тоа како треба да се лекува акт...
Сопругот ја напуштил за 15-годишно девојче - Детали за тешкиот живот на Линда Еванс Ѕвездата од „Династија“, била сон на секој маж, но немала среќа во љубовта и со ...
Бебе се роди во авион среде лет кон Брисел: „Со жена ми бевме на тој лет – секоја чест за тимот“ „Беше посебен момент кога екипажот рече – имаме нов патник на летот“ - Кратко по...
Жена од Малезија 6 години се грижела за сопругот врзан за кревет - закрепнал и ја оставил за друга Кога на добра жена ќе ѝ се погоди лош и неблагодарен маж... Приказна од Малезија...
Принцези кои мистериозно се повлекоа од јавноста (и денес никој не знае каде се) Зад совршениот и бајковит живот на овие принцези се крие голема мистеријa - за е...
Бизарно: „Потрошила 900.000 евра за да биде ‘совршена жена’ и сега вели дека добриот изглед е клетва... Бразилка (35), прогласена за жена со ‘совршени пропорции’ од страна на Плејбој, ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg