„Мојата 13-годишна ќерка за Божиќ сака брендирана долна облека и продукти за нега на лице – јавноста ме критикува“

Инфлуенсерка стана мета на критики откако откри дека за Божиќ, нејзината 13-годиишната ќерка сакала долна облека од познати брендови, скап накит, луксузни парфеми и куп други работи што не се баш соодветни за нејзина возраст.

mojata-13-godishna-kjerka-za-bozhikj-saka-brendirana-dolna-obleka-i-produkti-za-nega-na-lice-javnosta-me-kritikuva01.jpg

Инфлуенсерка од САД на ТикТок ја сподели листата со подароци што ја добила од нејзината 13-годишна ќерка.

Објавата, која има над половина милион прегледи, го подели мислењето на јавноста, најмногу бидејќи голем дел од подароците што ги сака девојчето не се баш соодветни за негова возраст.

mojata-13-godishna-kjerka-za-bozhikj-saka-brendirana-dolna-obleka-i-produkti-za-nega-na-lice-javnosta-me-kritikuva-06.jpg

Покрај подароците како сјај за усни или нов капут кои донекаде се очекувана желба на 13-годишно девојче, во листата ќерка ѝ навела и ленти за избелување заби, па дури и долна облека од Victoria’s Secret.

„Сите ги објавуваат нивните нереалистични божиќни листи?

Па, ова е листата што годинава ја добив од мојата 13-годишна ќерка“, пишува на објавата.

Дел од подароците што ги посакала ќерка ѝ:

  • Бронзер и руменило од Rare Beauty (брендот на Селена Гомез)
  • Руса коса
  • Макси фустани
  • Парфеми Miss Dior и Good Girl
  • Комплети долна облека од Calvin Klein и Victoria’s Secret
  • Пижами од Victoria’s Secret
  • Паметен часовник од Apple
  • UGGs чизми и капут од ZARA
  • Накит од Pandora
  • Ленти за избелување заби
  • Пирс на папокот

mojata-13-godishna-kjerka-za-bozhikj-saka-brendirana-dolna-obleka-i-produkti-za-nega-na-lice-javnosta-me-kritikuva-05.jpg

Девојчето навело и други продукти за убавина, како шминки и серуми.

„Мора да мисли дека сум во брак со Илон Маск“, додава мајката во описот на објавата.

mojata-13-godishna-kjerka-za-bozhikj-saka-brendirana-dolna-obleka-i-produkti-za-nega-na-lice-javnosta-me-kritikuva-07.jpg

Во коментари, повеќето корисници ја критикуваат мајката бидејќи ја разгалила ќерка ѝ.

„13-годишно девојче сака долна облека од Victoria's Secret. Моите сакаа Хари Потер книги …“

„Ти си виновна за ова. Моите деца побараа коцки за играње“.

„На 13 години јас си играв надвор и се качував по дрвја“.

„Како воопшто денешните тинејџери знаат што е сето ова?“

mojata-13-godishna-kjerka-za-bozhikj-saka-brendirana-dolna-obleka-i-produkti-za-nega-na-lice-javnosta-me-kritikuva-02.jpg

Некои истакнуваат дека веќе виделе многу вакви листи од мали девојчиња и прстот го вперуваат кон социјалните мрежи.

Односно, сметаат дека не е во ред што мали девојчиња се споредуваат со возрасни инфлуенсерки кои рекламираат продукти за убавина, облека и слично.

„90% од работите се поради инфлуенсерките“.

„Ова ме растажува. Видов неколку вакви листи. Премногу се млади за да мислат дека им треба сето ова“.

mojata-13-godishna-kjerka-za-bozhikj-saka-brendirana-dolna-obleka-i-produkti-za-nega-na-lice-javnosta-me-kritikuva-04.jpg

Некои, пак, пробуваат да ја одбранат мајката:

„Зошто толку омраза? Сигурна сум дека девојчето не очекува мајка ѝ да ѝ купи сè од листата“.

„Не ми е јасно зошто критикувате. Сигурно девојчето ја направило листата за на мајка ѝ да ѝ биде полесно да избере подарок за неа“.

„Зошто сте злобни во коментарите? Листата не мора да значи дека девојчето сака сè што набројало“.

mojata-13-godishna-kjerka-za-bozhikj-saka-brendirana-dolna-obleka-i-produkti-za-nega-na-lice-javnosta-me-kritikuva-03_copy.jpg

Какви подароци сакаат вашите деца?

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Ја советувам ќерка ми да се омажи богато - подобро да живее на висока нога, отколку да страда за па... „Ќерка ми си го троши времето на кретени со кои разговара онлајн и тие муабети н...
„Ја продавам мојата користена долна облека - заработувам над 4.000 евра месечно“ „Еден клиент сакаше само да зготвам оброк додека ја носам долната облека. Ништо ...
Поголемата ќерка ја доела до 6 години, а помалата ќерка (3) сè уште ја дои - Мајка од Романија стана... „Јас моите ќерки не ги одбивам од доење, им давам сè додека тие не посакаат да с...
„Јас сум богата татина ќерка - ништо не работам, татко ми ми плаќа сè“ Девојка од Сингапур постојано се фали со екстравагантниот животен стил, благодар...
Таткото на Бјанка Сенсори, кој бил дел од картел: „Сакам да го прашам Канје зошто ја шета ќерка ми г... „Таткото на Бјанка, Лео, сака да седне со Канје и да го праша што мисли па ја па...
Детски парк во Јапонија е сон на секој родител од Македонија (видео) Зип лајн, тобогани, авантуристички мостови.... За забавни паркови како во Јапони...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg