Позната водителка извршила самоубиство, по 2 години и нејзиниот сопруг: Детали за трагедијата што ја потресе Австралија

Водителката Ерин Пламер од Австралија изврши самоубиство пред две години. Сега, не можејќи да се справи со загубата на саканата, се претпоставува дека и нејзиниот сопруг Алан си го одзел животот, откако беше пронајден мртов на плажа.

poznata-voditelka-izvrshila-samoubistvo-po-2-godini-i-nejziniot-soprug-detali-za-tragedijata-shto-ja-potrese-avstralija-01.jpg

Во Австралија, ТВ водителката Ерин Џејн Пламер беше меѓу омилените на јавноста, сè до нејзината трагична смрт во 2022 година, кога изврши самоубиство.

Тогаш Ерин имаше само 42 години.

Сега, две години подоцна, и нејзиниот сопруг Алан (49) го изгуби животот, а постои сомнение дека и тој извршил самоубиство.

Алан и сопругата Ерин имаат три деца, на возраст од 18, 15 и 11 години.

Приватно, и Алан и Ерин биле позитивни личности, но пандемијата и локдаунот негативно се одразиле врз менталното здравје на водителката.

Според нејзини пријатели, Ерин бил прекрасна мајка и пријателка, но кога почнале проблемите со менталното здравје била како „сенка од личноста што ја знаеле“.

Истата промена била забележана и кај Алан, па затоа постои сомнеж дека извршил самоубиство.

voditelka-izvrshila-samoubistvo-po-2-godini-i-nejziniot-soprug-detali-za-tragedijata-shto-ja-potrese-avstralija-06.JPG

Неколку детали за парот и нивната трагична смрт:

Ерин ја почнала кариерата во ТВ индустријата уште на многу млада возраст, откако снимала реклама за каналот NBC.

Потоа почнала да работи како презентерка и беше дел од бројни познати австралиски емисии.

Исто така, таа шест години водеше своја спортска емисија која ја следеа над 40 милиони гледачи.

voditelka-izvrshila-samoubistvo-po-2-godini-i-nejziniot-soprug-detali-za-tragedijata-shto-ja-potrese-avstralija-04.JPG

Веста за трагичната смрт на Ерин ја споделија нејзини колешки од телевизијата во којашто работеше.

По трагедијата, беше отворена кампања на GoFundMe која имаше за цел да му помогне на сопругот Алан да се грижи за трите ќерки.

voditelka-izvrshila-samoubistvo-po-2-godini-i-nejziniot-soprug-detali-za-tragedijata-shto-ja-potrese-avstralija-03.JPG

Беа собрани скоро 28.000 долари, а Алан самиот раскажуваше како добивал помош од сите соседи кои неретко им готвеле и храна.

Сепак, Алан тешко се справувал со смртта на сопругата, а наводно имал и други проблеми со здравјето.

voditelka-izvrshila-samoubistvo-po-2-godini-i-nejziniot-soprug-detali-za-tragedijata-shto-ja-potrese-avstralija-02.JPG

Во септември годинава ја продал семејната куќа и планирал со најмладата ќерка да се пресели во Квинсленд, за да биде поблиску до другата ќерка која таму одела на училиште.

Најстарата ќерка на Алан и Ерин, пак, само што го прославила 18-тиот роденден, кога следниот ден било најдено телото на татко ѝ.

voditelka-izvrshila-samoubistvo-po-2-godini-i-nejziniot-soprug-detali-za-tragedijata-shto-ja-potrese-avstralija-08.JPG

Алан излегол од дома во неделата (10.11), но откако не се вратил, негов пријател пријавил во полиција.

Само еден час подоцна, неговото тело било најдено на плажа, покрај карпа.

Засега се верува дека самит скокнал, но ова уште не е официјално потврдено.

voditelka-izvrshila-samoubistvo-po-2-godini-i-nejziniot-soprug-detali-za-tragedijata-shto-ja-potrese-avstralija-05.JPG

Извори блиски до Алан и Ерин велат дека иако нивните ќерки останале без родители, нема да бидат оставени сами бидејќи Алан и Ерин имаат многу пријатели кои со задоволство ќе се грижат за нив.

voditelka-izvrshila-samoubistvo-po-2-godini-i-nejziniot-soprug-detali-za-tragedijata-shto-ja-potrese-avstralija-07.JPG

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Ја советувам ќерка ми да се омажи богато - подобро да живее на висока нога, отколку да страда за па... „Ќерка ми си го троши времето на кретени со кои разговара онлајн и тие муабети н...
Поголемата ќерка ја доела до 6 години, а помалата ќерка (3) сè уште ја дои - Мајка од Романија стана... „Јас моите ќерки не ги одбивам од доење, им давам сè додека тие не посакаат да с...
„Шест години бев во врска со полицаец на тајна задача, бил испратен да ме шпионира“ „Бевме на зимување на Алпите кога дознав. Го најдов неговиот пасош - не ми го по...
Бараше да му биде извршена евтаназија, но почина мирно во својот дом – Светот се простува од Ален Де... Неговите деца цела година водеа жестока битка за тоа како треба да се лекува акт...
„Јас сум богата татина ќерка - ништо не работам, татко ми ми плаќа сè“ Девојка од Сингапур постојано се фали со екстравагантниот животен стил, благодар...
Сопругот ја напуштил за 15-годишно девојче - Детали за тешкиот живот на Линда Еванс Ѕвездата од „Династија“, била сон на секој маж, но немала среќа во љубовта и со ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg