Како Доналд Трамп ја возвиши сопругата во победничкиот говор, а таа му сврте образ наместо да го бакне?
- Детали
- среда, 06 ноември 2024
„Наместо да го бакне во уста, Меланија му сврте образ“ - Фотката од бакнежот што победникот на претседателските избори во САД, Доналд Трамп го размени со сопругата за време на победничкиот говор, масовно се споделува на социјалните мрежи.
Додека ја славеше победата на неговиот имот Мар а лаго, на Флорида, уште и пред официјално да бидат соопштени резултатите од претседателските избори, Доналд Трамп ја искористи можноста да им се заблагодари на сите што биле со него во трката.
Трамп на сцената беше заедно со членовите на своето семејство, а посебно внимание ѝ посвети на сопругата Меланија.
„Би сакал да се заблагодарам на мојата сопруга, Меланија, првата дама, која ја напиша најпродаваната книга во земјата.
Таа навистина заврши голема работа. Работи многу напорно, за да им помага на луѓето. Затоа сега сакам да ѝ се заблагодарам“ – изјави тој и го прекина говорот за да ја прегрне сопругата и да ја бакне.
Но, според твитерџиите, Меланија го избегнала Доналд, па наместо да му даде победнички бакнеж во уста, таа му свртела образ.
Освен на Меланија, Доналд им се заблагодари и на своите деца, кои се потруди да ги наброи по ред и да не пропушти ниту едно: Дон, Ерик, Иванка, Тифани, Барон, Лора, Џаред, Кимберли, Мајкл...
„Сите ние мислиме дека нашите деца се прекрасни“ – рече Трамп.
И секако, на крај му се заблагодари на таткото на Меланија, Виктор, кој стоеше на сцената веднаш до Меланија и Барон Трамп.
Инаку, набрзо потоа беше соопштено дека Трамп убедливо победи на изборите во САД, со што ќе ја има можноста да стане претседател по вторпат, а Меланија повторно ќе биде прва дама.
Дали навистина Меланија го избегна бакнежот на Доналд?
Погледнете го видеото и проценете сами:
Б. С. Б. | Црнобело