„Бев послушна домаќинка која го чека сопругот од работа – Кога се разведовме, морав допрва да учам да живеам“

„Сега на 34 години ја добив возачката дозвола и го завршувам средното образование“ – жена од Австралија зборува за негативните последици на тоа што како 17-годишно девојче одлучила да стапи во брак со маж, кој не ѝ дозволувал да работи и очекувал од неа да биде само посветена домаќинка и мајка.

bev-poslushna-domakjinka-koja-go-cheka-soprugot-od-rabota-koga-se-razvedovme-morav-doprva-da-ucham-da-zhiveam-01.jpg

Жените кои целиот свој живот го поминуваат како послушни домаќинки денес се нарекуваат и „традиционални сопруги“ (trad wives).

Овие жени најчесто целиот ден го поминуваат дома и нивната задача е да готват, да се грижат за домот и да изгледаат убаво кога сопругот ќе се врати од работа.

bev-poslushna-domakjinka-koja-go-cheka-soprugot-od-rabota-koga-se-razvedovme-morav-doprva-da-ucham-da-zhiveam-05.jpg

Офелија Мараскино е 34-годишна Австралијка, која на социјалните мрежи редовно објавува фотки во кои го покажува својот ексцентричен стил на облекување, а неодамна раскажа како тоа делумно е последица и на тоа што долго време живеела во ваков брак.

Кога се развела, прво заминала и направила тетоважа, а косата ја обоила во секоја можна боја.

bev-poslushna-domakjinka-koja-go-cheka-soprugot-od-rabota-koga-se-razvedovme-morav-doprva-da-ucham-da-zhiveam-03.jpg

Таа признава дека направила огромна грешка кога одлучила да се омажи на возраст од само 17 години и останала во брак уште 10 години.

„Во тој период само го чекав сопругот да си дојде дома. Кога наполнив 21 година, веќе имав 3 деца под 3 години и тие ми го окупираа целото време“ – раскажува таа.

Офелија нагласува дека нејзиниот сопруг дозволувал неговите деца да одат само во училиште каде немале допир со новата технологија.

„Јас бев целосно потчинета и го сакав безусловно, без разлика на тоа што ми го правеше.

Да, трпев и злоставување, но не верувам дека ова е карактеристично за сите што се во таква традиционална врска“ – вели таа.

bev-poslushna-domakjinka-koja-go-cheka-soprugot-od-rabota-koga-se-razvedovme-morav-doprva-da-ucham-da-zhiveam-06.jpg

Офелија успеала да се избори додека била во брак да работи на половина работно време, но заработувала многу малку, што ѝ доаѓало како џепарлак. Заради тоа, пак, била целосно финансиски зависна од сопругот.

Не смеела да има тетоважи, сопругот ѝ одобрувал што смее да облече, а што не, па дури и не смеела да направи промени во изгледот без негово одобрување.

Од неа се очекувало да готви како професионален готвач, но не смеела да има возачка дозвола, па секој ден морала пеш да оди по свежи производи заедно со трите деца и количката.

bev-poslushna-domakjinka-koja-go-cheka-soprugot-od-rabota-koga-se-razvedovme-morav-doprva-da-ucham-da-zhiveam-07.jpg

Таа успеала да се разведе, а денес јавно зборува за овој начин на живот и упатува силна порака до сите млади девојчиња што размислуваат да стапат во брак пред да го завршат образованието.

Како што вели, по разводот таа морала да научи да вози, сега на 34 години го завршува средното образование.

Во последните неколку години таа се измачувала додека да најде работа, како заради недостатокот на образование, така и заради недостатокот на работно искуство.

„Сега сум околу 10 или 15 години зад моите врсници во поглед на финансиската независност и градењето на кариерата“ – вели таа.

bev-poslushna-domakjinka-koja-go-cheka-soprugot-od-rabota-koga-se-razvedovme-morav-doprva-da-ucham-da-zhiveam-02.jpg

Според неа, друг проблем во ваквите заедници е и тоа што децата најчесто се разгалени и немаат почит кон мајките, само затоа што израснале во средина каде што таткото немал никаква почит кон неа.

Таа вели дека ако сепак сакате да живеете живот на традиционална сопруга, најдобро би било тоа да го направите откако ќе го завршите образованието и ќе си го средите животот, па кога сте малку повозрасни сами ќе сфатите дали тој живот е за вас или не.

Погледнете го целото сведоштво на Офелија во продолжение:

@ophelia.maraschino

There aren’t fully grown adults making tradwife content because we’re all too busy recovering from that kind of relationship and trying to build a life for ourselves #tradwife #storytime #sahm #relationships

♬ original sound - Ophelia

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Ќе има кој да ме чува кога ќе остарам“: 70-годишна жена од Уганда роди близнаци 70-годишна жена од Уганда роди близнаци со што стана една од најстарите родилки ...
„Имам 33 години и сè уште сум невина – Кои 10 особини мора да ги поседува некој маж за да ме освои?“ „Во минатото се срамев да им кажам на луѓето и лажев, па велев дека не сум невин...
Вдовицата на Хефнер: „Од лошата хигиена во палатата добив болести, на Хју му беше здодеано од секс“ По 8 години живот во Плејбој палатата Кристал добила лајмска болест, а било утвр...
Девојка се соочува со критики: „Се омажив за бебиситерот што ме чуваше кога имав 4 години“ „Ти беше најдобриот бебиситер во мојот живот. Среќна сум што големата разлика во...
„На 23 години имав врска со 80-годишен старец – не ми недостасуваат неговите вилици и лошиот здив“ „Кога сте млади и ќе почнете да се гледате со повозрасни мажи сметате дека сте м...
„Ја советувам ќерка ми да се омажи богато - подобро да живее на висока нога, отколку да страда за па... „Ќерка ми си го троши времето на кретени со кои разговара онлајн и тие муабети н...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg