Стотици волонтери ги чистат улиците, луѓе фрлаат кал по кралот и кралицата – Шпанија по разорните поплави (фото+видео)

Стотици волонтери излегоа на улиците за да помогнат во расчистувањето на пустошот што го оставија поплавите во Шпанија, додека толпа гневни локалци фрлаа со кал по кралот Фелипе и кралицата Летиција и ги обвинуваа за трагедијата.

stotici-volonteri-gi-chistat-ulicite-lugje-frlaat-kal-po-kralot-i-kralicata-shpanija-po-razornite-poplavi-foto-video-01.jpg

Разорните поплави што ја погодија Шпанија минатата недела зад себе оставија пустош и најмалку 200 загинати.

Спасувачките тимови, но и волонтерите, уште трагаат по исчезнати, што значи бројот на жртви може да биде и поголем.

Во неделата (03.11), шпанскиот премиер Педро Санчез изјави дека ова е најголемата поплава со која се соочила Шпанија во изминатиот век.

Премиерот додаде и дека во Валенсија, која беше едно од најпогодените места, се испратени 10.000 војници, додека кон Мадрид се упатиле околу 200, со цел да помогнат во расчистувањето и наоѓањето тела и исчезнати лица.

На фотографиите направени по поплавата се гледа дека улиците се полни со кал и ѓубре, а на многу места има и автомобили заглавени во калта.

А, покрај надлежните, и стотици волонтери излегоа на улиците за да им помогнат на своите сограѓани.

Опремени со лопати и метли, расчистуваат низ улиците, бидејќи, како што велат, надлежните не пристигнуваат да им помогнат на сите и тие се единствената надеж за некои луѓе.

„Шпанците излегоа на улица по катастрофалните поплави во Валенција за да помогнат да се расчистат улиците од кал, да спремаат храна за погодените од поплавите, а фармери излегоа со нивните трактори за да отстрануваат отпад“, стои во Инстаграм објава со неколку видеа од волонтерите.

Во коментари, пак, многумина истакнуваат колку се горди на нивните сограѓани.

„Ова што го работат е опасно и заморно. Луѓето пешачат километри за да стигнат до поплавените места“.

„Јас сум од Валенсија и сум многу тажна, но и многу горда на моите луѓе“.

„Неверојатно е да се види во живо на што се подготвени луѓето за да им помогнат на соседите во ужасната трагедија“.

Во меѓувреме, многумина ги обвинуваат властите за лошо справување со кризата, а толпа луѓе ги нападна и шпанскиот крал Фелипе и неговата сопруга – кралицата Летиција.

Кралскиот пар излезе на улиците на шпанскиот град Паипорта кој е еден од најсилно погодените.

На улиците веќе имаше толпа луѓе кои протестираа и кои почнаа да фрлаат кал по кралот и кралицата, но и да ги навредуваат.

На некои фотографиии и снимки се гледа кралицата Летиција со кал на лицето и облеката додека разговара со дел од присутните.

На крај, интервенираше и полиција за да го заштити парот од гневните локалци.

Фотографии и видеа од последиците од поплавите во продолжение:

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Мами воздишки и во шестата деценија, ужива во улогата на баба - Која е најубавата кралица во светот? Никој не може ниту да претпостави дека родила 4 деца, а најубавата кралица во св...
„Шест години бев во врска со полицаец на тајна задача, бил испратен да ме шпионира“ „Бевме на зимување на Алпите кога дознав. Го најдов неговиот пасош - не ми го по...
„Добив сепса додека бевме на одмор - мораа да ми ги ампутираат и рацете и нозете за да ме спасат“ „По девет недели во кома, лекарите ме разбудија. Најпрво бев во делириум и кажув...
„Јас и сопругот сме нудисти – луѓето мислат дека организираме развратни забави, но тоа не е точно“ Неколку нудисти, вклучувајќи и брачен пар, откриваат кои митови за нивниот начин...
Инспиративната приказна на Виторија Буено (16), балерината родена без раце „Кога беше мала, луѓе доаѓаа пред нашата куќа и зјапаа во Виторија. Имаше и такв...
„Шетаат боси во канцеларија, одат голи во сауна: Што ме изненади најмногу кај Финците?“ „Она што не го знаев сè додека не се преселив таму е дека културната норма е во ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg