Ким Кардашијан како крокодил, Бредли Купер и Ирина Шајк заедно ја шетаат ќеркичата – Славните под маски за Halloween
- Детали
- петок, 01 ноември 2024
Можете ли да претпоставите која славна актерка е маскирана како старец, а која е пејачката што го носи костимот на Снежана? Погледнете дел од најинтересните маски годинава за Halloween.
Иако голем број од славните личности објавија фотографии со маски уште на 30-ти октомври, голем број од славните чекаа до Halloween, односно ден подоцна за да ги објават своите фотографии.
Меѓу нив беше и Ким Кардашијан, која воопшто не наликува на себеси во костимот на бел крокодил, Кендал Џенер и Хејли Бибер се маскираа во Парис и Ники Хилтон, а дел од славните што имаат деца беа забележани како со маски ги носат децата на собирање бонбони.
Меѓу нив беа и Ирина Шајк и Бредли Купер кои се еден од холивудските парови кои се пример за тоа како треба да функционираат поранешните партнери за доброто на децата.
Иако веќе имаат други врски и партнери, парот секоја година на Halloween е заедно со ќерката, а годинава Ирина се маскира во Лара Крофт, додека Бредли повторно беше маскиран во мечка.
Деми Мур, пак на својот Инстаграм профил сподели фотографија од маската што ја носи за време на снимањето на нејзиниот најнов филм, Try The Substance.
Како што напиша, празникот е пригодно време за да објави фотка со неверојатната трансформација.