Одбиле елек за спасување за да не им се уништат фотките, иако не знаеле да пливаат - Две инфлуенсерки удавени во Бразил

Се качиле во глисер повеќе луѓе од што треба, пловеле во најопасните води во близина на Сао Паоло, познати како „Ѓаволско грло“, не знаеле да пливаат, но одбиле да носат елеци за спасување за да не им се уништат линиите од сончање и фотките. Бразилски инфлуенсерки платија со животот за совршени фотки.

za-sovrsheni-fotki-si-go-dale-zhivotot-influenserki-od-brazil-se-udavile-otkako-odbile-da-nosat-eleci-za-spasuvanje-01.jpg

Две инфлуенсерки од Бразил се удавиле во близина во Сао Паоло, откако нивниот глисер потонал, додека се враќале кон копното, од забава на брод.

Според исказите на сведоци, инфлуенсерките одбиле да носат елеци за спасување, за да не им се расипат селфи фотките.

za-sovrsheni-fotki-si-go-dale-zhivotot-influenserki-od-brazil-se-udavile-otkako-odbile-da-nosat-eleci-za-spasuvanje-03.jpgАлин Тамара Мореира де Аморим

Алин Тамара Мореира де Аморим (37) и Беатриз Таварез де Силва Фараиа (27) не ги послушале наредбите да стават елеци за спасување додека се враќале од забава на јахта, што се покажало како кобно.

„Дел од присутните во глисерот не сакале да ги стават елеците затоа што правеле селфи фотографии. Рекле дека сакаат да се сончаат“ – велат од бразилската полиција.

za-sovrsheni-fotki-si-go-dale-zhivotot-influenserki-od-brazil-se-udavile-otkako-odbile-da-nosat-eleci-za-spasuvanje-04.jpgБеатриз Таварез де Силва Фараиа

Двете инфлуенсерки биле заедно со уште 4 други девојки на 29-ти септември годинава, со што глисерот бил претоварен, затоа што имал дозвола да пренесува само 4 патници во него.

za-sovrsheni-fotki-si-go-dale-zhivotot-influenserki-od-brazil-se-udavile-otkako-odbile-da-nosat-eleci-za-spasuvanje-02.jpgАлин Тамара Мореира де Аморим

Девојките претходно постојано се снимале и објавувале фотки од забавата на јахтата, а потоа глисерот, со којшто се враќале кон копното, се превртел, по што двете девојки се воделе за исчезнати, а другите пет лица биле спасени.

Телото на првата инфлуенсерка било најдено истиот ден, а на втората инфлуенсерка, една недела подоцна.

za-sovrsheni-fotki-si-go-dale-zhivotot-influenserki-od-brazil-se-udavile-otkako-odbile-da-nosat-eleci-za-spasuvanje-04_copy.jpgБеатриз Таварез де Силва Фараиа

Според изјавите на блиските на Алин, таа не знаела воопшто да плива, а претходно не се познавале со Беатриз, туку се запознале на забавата на бродот.

Инаку, според пишувањата во бразилските медиуми, несреќата се случила на местото познато како „Ѓаволско грло“ (Garganta do Diabo), кое е познато по силните бранови и морските струи, па се смета за едно од најопасните места за пловидба во близина на Сао Паоло.

za-sovrsheni-fotki-si-go-dale-zhivotot-influenserki-od-brazil-se-udavile-otkako-odbile-da-nosat-eleci-za-spasuvanje-06.jpg„Ѓаволско грло“

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Добив сепса додека бевме на одмор - мораа да ми ги ампутираат и рацете и нозете за да ме спасат“ „По девет недели во кома, лекарите ме разбудија. Најпрво бев во делириум и кажув...
Потег за восхит: Бразилец посадил 40.000 дрвја во Сао Паоло и направил зелена оаза среде градот (фот... Бизнисмен од Бразил поминал 20 години садејќи дрвја покрај брегот на река во Сао...
Жена (33) се обидела да се фрли под воз – мажот што ја спасил, денес ѝ е сопруг со кого има 3 деца „Животот станува подобар, само мора да бидете тука за да видите“ – вели оваа жен...
Се вљубила во шеикот на Дубаи, кога останала бремена ја оставил за друга – Животот на Нивин Ел Гама,... По само 2 години нивната бајка се претворила во кошмар. На телевизија видела дек...
„Освоив 172 милиони евра на лото - Како добивката ми го уништи животот?“ Родителите престанале да разговараат со неа затоа што сметале дека не им дала до...
„Имам 75 години и танцувам на шипка – Пријателите ми свртеа грб, но јас го живеам мојот сон“ „Немав поим дали можам да танцувам на моја возраст и со моите болести, но не сам...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg