„Ти благодарам принцезо“ - Џанлука Ваки го прослави 4-иот роденден на ќерката со трогателна објава

„Пред 4 години целиот мој живот се промени. Конечно имав шанса да ѝ се придружам на оваа интензивна авантура наречена родителство и да ја искусам најдлабоката форма на љубов која постои“, почнува дел од емотивната роденденска објава на Џанлука Ваки.

te-sakam-dlaboko-princezo-moja-djanluka-vaki-go-proslavi-4-tiot-rodenden-na-kjerkata-so-trogatelna-objava-01.jpg

На 27 октомври ќерката на Џанлука Ваки и Шерон Фонсека, Блу Ерусалема, го прослави својот четврти роденден, а познатиот Италијанец ѝ посвети емотивно видео.

te-sakam-dlaboko-princezo-moja-djanluka-vaki-go-proslavi-4-tiot-rodenden-na-kjerkata-so-trogatelna-objava-02.jpg

Во видеото тој вели:

„Пред 4 години целиот мој живот се промени. Конечно имав шанса да ѝ се придружам на оваа интензивна авантура наречена родителство - која животот ни ја нуди за да ја искусиме најдлабоката форма на љубов која постои.

Ти ме воодушевуваш во секоја секунда од овој нов живот и сега јас буквално живеам за тебе и за нашето семејство.

te-sakam-dlaboko-princezo-moja-djanluka-vaki-go-proslavi-4-tiot-rodenden-na-kjerkata-so-trogatelna-objava-04.jpg

Ќе бидам твој засекогаш и секогаш кога ќе имам шанса ќе ти ја покажувам длабочината на мојата љубов за тебе и ќе се обидам да те научам да сонуваш големо, да ги почитуваш другите и да бидеш културна со сите.

Правиш да сонувам секој ден кога те прашувам: ‘Кој е твојот принц?’ и ти ми одговараш со твојот сладок и прекрасен глас: ‘Тато’.

te-sakam-dlaboko-princezo-moja-djanluka-vaki-go-proslavi-4-tiot-rodenden-na-kjerkata-so-trogatelna-objava-05.jpg

Ти благодарам принцезо, јас само се молам да бидам на висината на оваа важна задача татко и ќе ја вложам сета моја енергија во тоа да го претворам твојот живот во сон, исполнет со љубов и принципи.

Те сакам длабоко, принцезо моја!“

Кликнете на видеото:

Емотивно видео со посвета објави и Шерон Фонсека:

„Драга ќерко,

Ти си најпрекрасниот подарок кој некогаш сум го добила.

Денот кога се роди, како да се роди и дел од мене. Сфатив дека е возможно да го чувствувам срцето, надвор од моето тело.

Твоето присуство во мојот живот е инспирација и движечка сила секој ден. Сакам да знаеш дека мојата љубов за тебе е бесконечна. Како растеш ти, така растам и јас со тебе.

Ме научи толку многу работи, а толку си мала.

Ме мотивираш да бидам најдобрата верзија од себеси и ти благодарам за тоа.

Твојот татко и јас те сакаме со целите наши срце. Ти си светлината во нашите животи и ние се обидуваме да бидеме светлината во твојот.

Ти благодарам што си нашиот најголем дар. Чувствителна и ведра девојка каква што си.

Ти благодарам што ни ги исполнуваш деновите со магија, насмевки и љубов. Дури и во моментите кога тоа ни е најпотребно.

Ти благодарам душо моја, среќен роденден!“

Кликнете на видеото:

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Емотивен потег: Татко со солзи во очи, откако непознат маж му ја платил сметката за појадок со децат... „Само што се расплакав во јавност, откако непознат човек ја плати сметката за не...
Бараше да му биде извршена евтаназија, но почина мирно во својот дом – Светот се простува од Ален Де... Неговите деца цела година водеа жестока битка за тоа како треба да се лекува акт...
Сопругот ја напуштил за 15-годишно девојче - Детали за тешкиот живот на Линда Еванс Ѕвездата од „Династија“, била сон на секој маж, но немала среќа во љубовта и со ...
„Имам 43 години и уште живеам во моите родители - зошто не сакам да се отселам?“ Mинрет Kаур (43) спие во истата соба од детството во домот на нејзините родители...
„Имам 33 години и сè уште сум невина – Кои 10 особини мора да ги поседува некој маж за да ме освои?“ „Во минатото се срамев да им кажам на луѓето и лажев, па велев дека не сум невин...
Се вљубила во шеикот на Дубаи, кога останала бремена ја оставил за друга – Животот на Нивин Ел Гама,... По само 2 години нивната бајка се претворила во кошмар. На телевизија видела дек...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg