Русин спасен по 67 дена во чамец среде студено море, со мртвите тела на брат му и внукот: „Морав да преживеам“ (видео)

Маж од Русија преживеал 67 дена во чамец среде студеното Охотско Море, откако му се расипал моторот и му се скршиле веслата. На чамецот биле врзани мртвите тела на неговиот брат и неговиот внук, кои биле со него, но му подлегнале на студот.

rusin-spasen-po-67-dena-vo-chamec-srede-studeno-more-so-mrtvite-tela-na-brat-mu-i-vnuk-mi-morav-da-prezhiveam-video-01.jpg

На видео кое вирално почна да се шири на социјалните мрежи се гледа како неколку луѓе спасуваат маж од чамец среде студеното Охотско Море во Русија.

Мажот по име Михаил Пичугин поминал 67 дена во чамецот, откако моторот на чамецот се расипал.

46-годишниот Русин бил во друштво на неговиот брат и неговиот внук кои не го издржале студот.

Односно, голем дел од 67-те дена тој ги поминал во чамецот со нивните мртви тела.

Кликнете на Инстаграм објавата за да го изгледате видеото од спасувањето:

View this post on Instagram

A post shared by AllNewsInc (@allnewsinc)

Михаил и неговите 49-годишен брат и 15-годишен внук отишле да гледаат китови во морето.

На 9-ти август, моторот на чамецот им се расипал, а им се скршиле и веслата.

Поради ова, и фактот дека биле многу оддалечени од брегот, немале како да се вратат назад.

Благодарение на нивните семејства, надлежните почнале потрага, но не успеале да ги лоцираат.

rusin-spasen-po-67-dena-vo-chamec-srede-studeno-more-so-mrtvite-tela-na-brat-mu-i-vnuk-mi-morav-da-prezhiveam-video-03.JPG

Студеното Охотско Море често е покриено со магла, а бидејќи температурата на водата е многу ниска, сите биле сигурни дека се загинати.

Но, 67 дена подоцна, на 15-ти октомври, чамецот бил забележан од рибарски брод, и тоа на околу 1.000 километри од местото од кое Михаил, брат му и внук му тргнале.

Михаил, иако ослабен, е во добра здравствена состојба и од болничкиот кревет го сподели своето искуство.

За руските медиуми, тој вели дека иако имале телефон, немале никаква мрежна покриеност за да се јават.

rusin-spasen-po-67-dena-vo-chamec-srede-studeno-more-so-mrtvite-tela-na-brat-mu-i-vnuk-mi-morav-da-prezhiveam-video-10.JPG

Сепак, успешно го користеле GPS уредот на телефонот, но по една недела, батеријата, заедно со резервната, им се истрошиле.

Со себе тие имале сигнални ракети, но не успеале да им го привлечат вниманието на спасувачите.

„Хеликоптер помина близу до нас, па уште еден по три дена. Но, не нè забележаа“, вели Михаил.

rusin-spasen-po-67-dena-vo-chamec-srede-studeno-more-so-mrtvite-tela-na-brat-mu-i-vnuk-mi-morav-da-prezhiveam-video-02.JPG

Дождливото време им било од корист бидејќи ја собирале водата за да ја пијат. Но, им било тешко да се стоплат.

„Имавме вреќа за спиење, но беше влажна и никако не можеше да се суши.

Па, се туткавме под неа, мрдавме малку и колку-толку ќе се стоплевме“.

Михаил вели дека со себе имале неколку пакетчиња нудли и грашок, а пробувале и да уловат риба.

15-годишниот внук на Михаил, односно синот на брат му, починал во септември од хипотермија.

rusin-spasen-po-67-dena-vo-chamec-srede-studeno-more-so-mrtvite-tela-na-brat-mu-i-vnuk-mi-morav-da-prezhiveam-video-0.JPG

По ова, брат му на Михаил како да полудувал – изгубил надеж дека ќе бидат спасени, а во една пригода сакал и да скокне од бродот. По некое време, починал и тој.

Михаил не сакал да ги остави нивните тела, па ги врзал за бродот за да ги врати на брегот, каде што ќе можат да бидат погребани.

По спасувањето, Михаил изјави дека преживеал бидејќи сигурно имал помош од Бог.

„Немав избор освен да преживеам. Дома ме чекаа мајка ми и ќерка ми“.

rusin-spasen-po-67-dena-vo-chamec-srede-studeno-more-so-mrtvite-tela-na-brat-mu-i-vnuk-mi-morav-da-prezhiveam-video-05.JPGМихаил со ќерка му и поранешната сопруга

Михаил бил дехидриран и ослабен, но во стабилна состојба.

Надлежните, пак, за руските медиуми велат дека е чудо што чамецот не бил потонат од брановите, а уште поголемо чудо било што Михаил некако преживеал.

rusin-spasen-po-67-dena-vo-chamec-srede-studeno-more-so-mrtvite-tela-na-brat-mu-i-vnuk-mi-morav-da-prezhiveam-video-06.JPG

Штом Михаил ќе излезе од болница, можно е да се соочи со казна бидејќи неговиот чамец немал дозвола да се оддалечи повеќе од 4 километри од брегот.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Шест години бев во врска со полицаец на тајна задача, бил испратен да ме шпионира“ „Бевме на зимување на Алпите кога дознав. Го најдов неговиот пасош - не ми го по...
Исповед на скијач кој 23 часа бил затрупан под лавина и преживеал: „Не сум верник, но таа вечер се м... „Знаев дека не смеам да се предадам. Дека не смеам да заспијам, затоа што тоа ќе...
Сопругот ја напуштил за 15-годишно девојче - Детали за тешкиот живот на Линда Еванс Ѕвездата од „Династија“, била сон на секој маж, но немала среќа во љубовта и со ...
„Бев шпион и спиев со мажи за да изнудам информации од нив – среќна сум што побегнав од тој живот“ „Кога ги гледав другите жени шпиони на возраст од 50-тина години, беа мизерни и ...
Таткото на Бјанка Сенсори, кој бил дел од картел: „Сакам да го прашам Канје зошто ја шета ќерка ми г... „Таткото на Бјанка, Лео, сака да седне со Канје и да го праша што мисли па ја па...
Каде се денес вистинските ликови од „Griselda“, новата популарна серија на Нетфликс? Синот на Гризелда води успешен бизнис со марихуана, додека нејзиниот сопруг е мр...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg