Италијански модел открива: „Отидов на доктор поради болка во абдоменот и открив дека имам рак на јајници“
- Детали
- понеделник, 16 септември 2024
Поради фамилијарната анамнеза Бјанка Балти ги отстрани градите за да ја намали шансата за појава на рак, но, за жал, ѝ се појави рак на јајниците. Но, открива како со насмевка се справува и се труди да им пренесе сила и на другите.
Бјанка Балти е познат италијански модел, кој со своите 1.5 милиони следбеници на Инстаграм отворено сподели дека се бори со рак на јајници.
Нејзината објава гласи:
„Минатата недела отидов на дежурната служба во болница поради болка во пределот на абдоменот и открив дека станува збор за рак на јајници во трет стадиум.
Ова беше седмица полна со стравови, болка и солзи, но најмногу со љубов, надеж, смеа и сила.
Имам долго патување пред себе, но знам дека ќе се изборам. За себе, за моите сакани (моите две ќерки ми се на врвот од листата) и за сите вас кои имате потреба од сила и на кои со задоволство ќе им позајмам дел од мојата, затоа што ја имам неизмерно.
Мене засега ракот ми даде шанса да пронајдам убавина дури и кога животот боли“.
Инаку, во 2022 година Балти правеше генетско испитување и дозна дека е позитивна на генот „BRCA 1“, што значи дека има шанси да наследи рак на гради или јајници.
Таа превентивно во декември 2022 година направи двојна масектомија и ги отстрани градите за да ја намали шансата за појава на рак.
По операцијата, нареден чекор од лекувањето на Бјанка е хемотерапијата.
С. С. | Црнобело