Се разведе од сопругот преку Инстаграм – Принцезата од Дубаи со емотивна објава за татко ѝ кој ѝ бил најголема поддршка

Трипати го спомна зборот „развод“ на Инстаграм со што веднаш и без законска процедура се разведе од неверниот сопруг, а сега принцезата од Дубаи се заблагодари на татко ѝ за поддршката. „Штом имаш поддршка од таткото – нескршлива си“ – стои во коментарите.

se-razvede-od-soprugot-preku-instagram-princezata-od-dubai-so-emotivna-objava-za-tatko-i-koj-i-bil-najgolema-poddrshka-01.jpg

Владетелот на Дубаи, шеикот Мохамед бин Рашид Ал Мактум, кој воедно е и потпретседател на Обединетите Арапски Емирати, има повеќе од 20 деца, но според многумина, негова миленичка е принцезата Махра.

se-razvede-od-soprugot-preku-instagram-princezata-od-dubai-so-emotivna-objava-za-tatko-i-koj-i-bil-najgolema-poddrshka-06.jpg

Махра е принцезата од Дубаи која пред околу еден месец објави дека се разведува од сопругот преку објава на Инстаграм, по само една година брак и откако претходно нејзиното семејство потроши 50 милиони долари за да ѝ приреди свадба од соништата.

„Драг сопругу, додека ти се зафатен со други придружници, јас објавувам дека се разведуваме. Јас се разведувам од тебе, јас се разведувам од тебе и јас се разведувам од тебе.

Сè најдобро, твојата поранешна сопруга“ – му порача Махра на сопругот.

https://www.instagram.com/p/C9fXKgCS5_O/

Оваа објава привлече големо внимание во сите светски медиуми.

Познавачите на законите во Дубаи, појаснија дека всушност Махра со оваа објава покажала дека ги има истите права како мажите во нејзината држава и го искористила правото што е резервирано за муслиманските мажи, со кое тие се разведуваат од жените доколку трипати го употребат зборот „развод“.

„Во исламот кога ќе кажете ’јас се разведувам од тебе‘ трипати, разводот веднаш е ефективен. Ако се предомислите подоцна, ќе треба повторно да стапите во брак.

Тоа што таа го спомнува зборот ’развод‘ трипати значи дека не се шегува и дека е сериозна“ – велат упатените во коментарите до објавата на принцезата.

se-razvede-od-soprugot-preku-instagram-princezata-od-dubai-so-emotivna-objava-za-tatko-i-koj-i-bil-najgolema-poddrshka-02.jpg

Првично објавата на Махра привлече големо внимание кај нејзините следбенички кои ја поддржаа нејзината одлука и ѝ честитаа на храброста и истрајноста да се спротивстави на нормите и правилата да биде потчинета сопруга која ќе ги трпи неверствата на сопругот.

„Ти не си принцеза, ти си кралица! Ова е жена која знае колку вреди“ – велат нејзините следбеници.

se-razvede-od-soprugot-preku-instagram-princezata-od-dubai-so-emotivna-objava-za-tatko-i-koj-i-bil-najgolema-poddrshka-03.jpg

Во меѓувреме Махра ги избриша сите заеднички фотографии со сопругот, а објави само неколку нови фотки на кои позира со ќерката што ја доби 2 месеци пред да се разведе од сопругот.

Сега, принцезата покажа дека имала голема поддршка во одлуката и од страна на нејзиниот татко, шеикот Мохамед, па на Инстаграм објави нивна заедничка фотографија на која напиша:

„Драг татко, ти благодарам за твојата поддршка. Ти благодарам за твојата љубов. Ти благодарам за тоа што одбележуваш ера во која има правда за сите. Со почит и љубов, Махра“ – напиша таа над фотографијата.

se-razvede-od-soprugot-preku-instagram-princezata-od-dubai-so-emotivna-objava-za-tatko-i-koj-i-bil-najgolema-poddrshka-04.jpg

Нејзините следбенички, пак, нагласуваат колку е важна поддршката што таа ја добива од нејзиниот татко во овие мигови и дека благодарение на него, таа е непобедлива.

„Ниту еден човек на светот не може да ја скрши жената што ја има поддршката од татко ѝ. Целата почит до вистински прекрасниот татко“;

„Таткото ја држи раката на ќерката краток период, но го чува нејзиното срце засекогаш. Љубовта меѓу таткото и ќерката е нескршлива. Ќерката може да стане голема и да не може да ти седи во скут, но никогаш нема да биде премногу голема за да седи во твоето срце. Љубовта меѓу татковците и ќерките е засекогаш“ – стои во дел од коментарите.

se-razvede-od-soprugot-preku-instagram-princezata-od-dubai-so-emotivna-objava-za-tatko-i-koj-i-bil-najgolema-poddrshka-05.jpg

Прочитајте и Принцезата од Дубаи „го откачи“ сопругот преку Инстаграм, 1 година откако потрошија 50 милиони долари за свадба

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Јас сум богата татина ќерка - ништо не работам, татко ми ми плаќа сè“ Девојка од Сингапур постојано се фали со екстравагантниот животен стил, благодар...
Принцезата од Дубаи „го откачи“ сопругот преку Инстаграм, 1 година откако потрошија 50 милиони долар... Пред една година направија кралска свадба, а сега се чини дека се разведуваат. ...
Вдовицата на Хефнер: „Од лошата хигиена во палатата добив болести, на Хју му беше здодеано од секс“ По 8 години живот во Плејбој палатата Кристал добила лајмска болест, а било утвр...
„Бев сурогат мајка на неколку познати жени - има многу предизвици кои се кријат од јавноста“ „Морав да пополнам куп формулари. Поминав психолошка евалуација, правев прегледи...
Девојка се соочува со критики: „Се омажив за бебиситерот што ме чуваше кога имав 4 години“ „Ти беше најдобриот бебиситер во мојот живот. Среќна сум што големата разлика во...
„Ќе има кој да ме чува кога ќе остарам“: 70-годишна жена од Уганда роди близнаци 70-годишна жена од Уганда роди близнаци со што стана една од најстарите родилки ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg