Највпечатливиот маникир на дамите учеснички на Олимписките игри во Париз 2024

Од боите на знамињата на нивните држави, до Ајфеловата кула и препознатливите Олимписки прстени... како изгледаа ноктите на славните врвни спортистки?

najvpechatliviot-manikir-na-damite-uchesnichki-na-olimpiskite-igri-vo-pariz-2024-01.jpg

Покрај славата која ја имаат стекнато истакнувајќи се на одредени полиња во спортот, некои од дамите учеснички на овогодишните Олимписки игри во Париз доминираа и со својот впечатлив маникир.

Од боите на знамињата на нивните држави, до Ајфеловата кула и препознатливите Олимписки прстени… како изгледаа ноктите на славните врвни спортистки?

Највпечатливиот маникир на дамите учеснички на Олимписките игри во Париз 2024 кои завршија на 11 август:

Шакари Ричардсон, Америка, трчање

Ричардсон е неофицијална кралица на уметноста на ноктите, па не е изненадување што таа на церемонијата на отворањето на Олимписките игри имаше долги нокти со наизменични дизајни на американското знаме.

najvpechatliviot-manikir-na-damite-uchesnichki-na-olimpiskite-igri-vo-pariz-2024-02.jpg

Брајана Тросел, Австралија, пливање

Тросел избра зелено-златен француски маникир, за да одговара на националните бои на Австралија.

najvpechatliviot-manikir-na-damite-uchesnichki-na-olimpiskite-igri-vo-pariz-2024-03.jpg

Стефанија Гомез, Колумбија, пливање

Боите на Колумбија се сина, жолта и црвена, а Гомез ги прикажа на своите нокти. Но, таа го прикажа и градот-домаќин на Олимписките игри, прикажувајќи ја Ајфеловата кула на нејзините нокти.

najvpechatliviot-manikir-na-damite-uchesnichki-na-olimpiskite-igri-vo-pariz-2024-04.jpg

Акоко Комланви, Того, веслање

Боите на знамето на Того вклучуваат зелена, црвена, бела и жолта, кои шампионката во веслање, Комланви, ги прикажа на своите нокти.

najvpechatliviot-manikir-na-damite-uchesnichki-na-olimpiskite-igri-vo-pariz-2024-05.jpg

Суниса Ли, САД, уметничка гимнастика

Класичниот француски маникир на Ли е речиси исто толку елегантен како и нејзината гимнастика.

najvpechatliviot-manikir-na-damite-uchesnichki-na-olimpiskite-igri-vo-pariz-2024-06.jpg

Лаура ван дер Винкел, Франција, стрелаштво

Француската стрелачка се одлучи за маникир со прикажување на Ајфеловата кула, француското знаме и Олимписките прстени.

najvpechatliviot-manikir-na-damite-uchesnichki-na-olimpiskite-igri-vo-pariz-2024-07.jpg

М. Ѓ. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

На 13 години ајкула ѝ ја одгризала раката, денес е една од најпознатите сурферки – Инспиративната пр... Бетани Хамилтон научила да сурфа на само 3-годишна возраст и веќе од 8-иот роден...
19-годишна девојка за нападот од ајкула: „Ме зграпчи во плиткото, ја претепав со слободната рака“ „Еден голем дел од мојата рака го немаше. Мислев дека ќе ги загубам прстите и ра...
Се шпекулира дека ѝ е татко на Клои Кардашијан, одговараше за двојно убиство: Кој е О. Џ. Симпсон? По вчерашната вест за смртта на О. Џ. Симпсон, јавноста се присетува на шпекулац...
Ким Кардашијан како крокодил, Бредли Купер и Ирина Шајк заедно ја шетаат ќеркичата – Славните под ма... Можете ли да претпоставите која славна актерка е маскирана како старец, а која е...
Најсмешните мемиња за новиот кралски портрет на кралот Чарлс: „Личи на Дракула“ Го споредуваат со негативци од филмови и видеоигри, а некои се шегуваат дека кон...
Спектакуларни огномети во Сиднеј, Париз и Берлин – Како светот ја дочека 2024 година? Сиднеј во Австралија и Окленд во Нов Зеланд се првите градови што со огномети ја...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg