Најсмешните мемиња за новиот кралски портрет на кралот Чарлс: „Личи на Дракула“
- Детали
- среда, 15 мај 2024
Го споредуваат со негативци од филмови и видеоигри, а некои се шегуваат дека конечно му се исполнила желбата да стане тампон, алудирајќи на скандалозниот телефонски разговор со Камила од 1990-тите. Новиот кралски портрет на Чарлс ги инспирира твитерџиите.
Новиот кралски портрет на кралот Чарлс стана мета на многу шеги – многумина го споредуваат со познати негативци, но и други ликови од популарни филмови и видеоигри.
Ова е првиот официјален портрет на Чарлс откако седна на тронот и ќе биде изложен во Бакингемската палата.
Изгледа како портретот да е насликан само со црвена боја, а на едното рамо на кралот има и пеперутка.
Некои се шегуваат дека сега на Чарлс конечно му се исполнила желбата да стане тампон, алудирајќи на скандалот со Камила кој стана познат како „тампонгејт“.
За потсетување, во 1993 година во јавност се појави снимка од телефонски разговор помеѓу Чарлс и Камила, во кој кралот ѝ вели дека би сакал да се реинкарнира во тампон за да може да живее во неа.
И, разговорот се случил додека Чарлс уште беше во брак со Дијана.
Некои, пак, почнуваат да шират теории на заговор и тврдат дека во портретот има сатанистички симболи и што уште не.
Кратко откако портретот ѝ беше покажан на јавноста, твитерџиите ја покажаа смислата за хумор, па социјалната мрежа е преплавена со мемиња и шеги.
Дел од нив во продолжение:
„Денес беше објавен официјалниот портрет на кралот Чарлс. Што ли мислеле? Изгледа како Дракула“.
https://twitter.com/RetiredNikitaM/status/1790486083395830210
„Се согласувам дека уметноста е субјективна и тера на размислување, но првото нешто што го помислив кога го видов портретот е ’На кој му стои подобро‘“
https://twitter.com/LisaPatten1/status/1790435052301541380
„Повеќе ми се допаѓа оригиналот“.
https://twitter.com/amockjock/status/1790444230592065611