Невозможен скок на Том Круз, перформанс во чест на Грција – Како изгледаше затворањето на Олимпијадата во Париз?

„Застрашувачки“, „Сатанистички“... вака твитерџиите ја доживуваат мрачната церемонија за затворање на Олимписките игри во Париз... Сепак, се чини дека невозможниот скок на Том Круз ни најави нови, повозбудливи и позабавни перформаси во сончевата Калифорнија, во 2028-ма година.

nevozmozhen-skok-na-tom-kruz-performans-vo-chest-na-grcija-kako-izgledashe-zatvoranjeto-na-olimpijadata-vo-pariz-01.jpg

Со свечено затворање, синоќа (11.08) беше означен крајот на овогодинешните Олимписки игри, кои се одиграа во Париз, а знамето потоа му е предадено на Лос Анџелес, следниот град кој ќе биде домаќин на еден од најважните спортски настани.

Церемонијата за затворањето се одвиваше на два континенти.

Додека публиката во Париз се поздрави со спортистите кои годинава имаа можност да се борат за олимписки медал, во Калифорнија, со посебна церемонија беше означен моментот кога тие ја преземаат одговорноста за организирање на настанот.

nevozmozhen-skok-na-tom-kruz-performans-vo-chest-na-grcija-kako-izgledashe-zatvoranjeto-na-olimpijadata-vo-pariz-02.jpg

Она што на сите им привлече внимание за време на затворањето на игрите, беше скокот на Том Круз, кој облечен во препознатливата црна јакна од филмот Top Gun, изведе речиси невозможен скок пред илјадниците присутни, со што беше означено предавањето на олимпиското знаме.

nevozmozhen-skok-na-tom-kruz-performans-vo-chest-na-grcija-kako-izgledashe-zatvoranjeto-na-olimpijadata-vo-pariz-03.jpg

Том Круз (62) го зеде знамето од гимнастичарката Симон Бајлс и градоначалничката на Лос Анџелес, а потоа заедно со него замина качен на мотоцикл, додека голем број спортисти го поздравуваа.

nevozmozhen-skok-na-tom-kruz-performans-vo-chest-na-grcija-kako-izgledashe-zatvoranjeto-na-olimpijadata-vo-pariz-06.jpg

Погледнете го видеото од моментот кога Том Круз го изведе невозможниот скок:

Друг момент што посебно привлече внимание беше делот којшто беше посветен на земјата која за првпат ја започнала традицијата на Олимписките игри.

Со посебен перформанс, интонирање на националната химна и веење на националното знаме, посебна чест ѝ беше оддадена на Грција.

Слично како и на церемонијата по повод отворањето, и на синоќешната церемонија имаше некои необични појави, како златниот човек-пчела кој низ француската историја е познат како Златен Патник.

nevozmozhen-skok-na-tom-kruz-performans-vo-chest-na-grcija-kako-izgledashe-zatvoranjeto-na-olimpijadata-vo-pariz-05.jpg

Освен тоа, имаше и обезглавена статуа на ангел, која е симбол на француската Револуција и Падот на Бастилја.

nevozmozhen-skok-na-tom-kruz-performans-vo-chest-na-grcija-kako-izgledashe-zatvoranjeto-na-olimpijadata-vo-pariz-11.jpg

На сцената имаше и перформанс на луѓе облечени како мумии.

nevozmozhen-skok-na-tom-kruz-performans-vo-chest-na-grcija-kako-izgledashe-zatvoranjeto-na-olimpijadata-vo-pariz-09.jpg

Сѐ на сѐ затворањето на годишната Олимпијада имаше темен, застрашувачки призвук, па оттука, она што се случуваше на другата страна преку Атлантскиот Океан, дојде како вистинско освежување.

Во сончевата Калифорнија, со церемонија беше означено преземањето на Олимпиското знаме, а по тој повод имаше настапи на Red Hot Chilly Peppers, Били Ајлиш и Снуп Дог.

nevozmozhen-skok-na-tom-kruz-performans-vo-chest-na-grcija-kako-izgledashe-zatvoranjeto-na-olimpijadata-vo-pariz-12.jpg

Препознатливиот знак во Hollywood, беше изменет во чест на Олимписките игри што ќе се одржат таму во 2028-ма година.

Прочитајте и Знамето го кренаа наопаку, настап на Селин Дион – Највпечатливите мигови од отворањето на Летните Олимписки игри 2024

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Шампањ, факели и српска музика во луксузен ресторан – Како ја прослави Новак Ѓоковиќ победата во Пар... Со шампањ, факели и патриотска српска песна Новак Ѓоковиќ среде Париз го прослав...
Браво! Нашата Мила Рељиќ победи двократна олимписка шампионка во таеквондо на својот деби настап на ... Браво! Нашата Мила нè израдува на нејзиниот прв настап на Олимпијадите! Браво...
Фото-споредби: Олимписките игри во Париз пред 100 години и денес Знаете ли дека пред 100 години, односно во 1924-та, Олимписките игри се одржувал...
Нејмар купи дрес од уличен продавач, мажот скока од среќа среде раскрсница (видео) Бразилецот Нејмар, кој е еден од најдобрите светски фудбалери на сите времиња, н...
„Македонско девојче“ ечи во Париз: Јокиќ пее качен на стол, српските кошаркари ја славеа бронзата (в... Кулминацијата на прославата беше кога најдобриот играч на НБА, Никола Јокиќ, се ...
Како ќе изгледа Мбапе до крајот на Европско? – Фудбалерот се шегува на своја сметка, откако се повре... „Имате идеја за маски?“ – се пошегува Килијан Мбапе откако имаше повреда на носо...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg