Знамето го кренаа наопаку, настап на Селин Дион – Највпечатливите мигови од отворањето на Летните Олимписки игри 2024
- Детали
- сабота, 27 јули 2024
По неколкучасовниот перформанс, публиката можеше да го види враќањето на сцена на Селин Дион. Палењето на Олимпискиот огин беше со импресивен перформанс, но сепак, настанот го одбележаа и мали пропусти. Кои беа највпечатливите мигови од отворањето на Летните Олимписки игри?
По неколкучасовната парада на националните тимови на спортистите, кои во бродови ја поздравуваа публиката на реката Сена, неколкучасовниот перформанс на познати светски и француски музичари, целиот свет имаше можност да го проследи финалето на Отворањето на летните олимписки игри 2024 што годинава ќе се играат во Париз.
За финале, на сцената настапи канадската пејачка Селин Дион, која направи голем камбек, по 4-годишна пауза откако ѝ беше дијагностициран Синдром на вкочанета личност.
Таа пред Ајфеловата кула ја изведе Hymne à L’amour и докажа дека и покрај невролошкото нарушување, таа сè уште поседува извонредни вокални способности, а нејзиниот настап беше пречекан со громогласен аплауз.
https://twitter.com/CelineOracle/status/1816956145736778021
Станува збор за добро позната песна на Едит Пјаф, која ја напишала како завет за нејзината љубов кон боксерот Марцел Сердан кој го загубил животот во авионска несреќа во 1949-та година, додека патувал за да ја види.
https://twitter.com/celinedionlcon/status/1816950119172067481
Додека Селин ја изведуваше песната, француските спортисти трчаа со Олимпискиот фаќел, пред да пристигнат до градината Тулијер, каде што беше запален олимпискиот оган и тоа во балон на топол воздух, кој лебдеше над француската метропола.
https://twitter.com/Olympics/status/1816385310940389811
Церемонијата започна со дожд, но тоа не ги наруши плановите за неколкучасовниот спектакл, кој неколку години беше подготвуван од страна на организаторите во Франција.
https://twitter.com/karatademada/status/1816558371085939172
Гостите и присутните со проѕирни кабаници на себе останаа да го погледнат спектаклот кој следуваше.
Сè на сè, иако беше испланиран секој детаљ, се чини дека целосно настанот беше своевидно тестирање нерви за луѓето кои пред малите екрани требаше да го погледнат дефилирањето на околу 6.800 спортисти кои продефилираа на вкупно 85 бродови.