Знамето го кренаа наопаку, настап на Селин Дион – Највпечатливите мигови од отворањето на Летните Олимписки игри 2024
Иако беше долгоочекуван, настапот на Лејди Гага не ги импресионира ниту присутните, ниту гледачите пред малите екрани.
Светски познатата пејачка настапи на брегот на реката Сена, а нејзината изведба на Folie Bergiere беше со голем број технички проблеми и помина сосема незабележано.
LADY GAGA PERFORMING AT THE OLYMPIC GAMES 2024 pic.twitter.com/K8PZUKEsC1
— pop culture gal (@allurequinn) July 26, 2024
Меѓу побизарните настапи беше и оној на „националното француско богатство“ Филипе Катерин, кој лежеше на брод целосно гол, обоен во сина боја, а голотијата ја прикри со огромна чинија со овошје.
🇫🇷 La prestation de Philippe Katerine pour l’ouverture des JO. #ceremoniedouverturepic.twitter.com/FSoFKy1lvj
-->-->— Mediavenir (@Mediavenir) July 26, 2024
Пред претседателот Макрон да ги прогласи Олимписките игри за отворени се случи уште една по малку комична ситуација кога Олимпиското знаме беше кренато, но наопаку.
The Olympic flag was hung upside down near the Eiffel Tower at the opening ceremony of the Games. pic.twitter.com/qscJFV51hQ
— S p r i n t e r (@SprinterFamily) July 26, 2024
Шоуто беше спектакуларно, иако имаше неколку потфрлувања, но се чини дека на сите ни е мило што конечно заврши и сега може да се сконцентрираме на повозбудливиот дел, кога најдобрите спортисти од целиот свет ќе ги одмерат силите на спортските терени.
Инаку македонската олимписка експедиција ја сочинуваат шест спортисти, атлетичарот Дaрио Ивановски, борачот Владимир Егоров, пливачот Никола Ѓуретановиќ, џудистот Еди Шерифовиќ, таеквондистката Мила Рељик и Анастасија Мојсовска која ќе се натпреварува во стрелаштво.
Освен спортистите од Македонија ќе има и повеќе судии на Олимпијадата и тоа Ѓорѓи Начевски и Славе Николов (ракомет), Иван Михајловски (триатлон) и Анета Павловска (тенис).
Прочитајте и Македонскиот џудист Еди Шерифовски пред Олимпијадата во Париз: „Цел ми е да освојам злато“
Б. С. Б. | Црнобело