Македонскиот џудист Еди Шерифовски пред Олимпијадата во Париз: „Цел ми е да освојам злато“

„Цел живот се спремам за Олимпијадата, а зад тоа стои многугодишна напорна работа. Се откажував од сè 'нормално' - излегувања, дружби, кафиња, фамилијарни настани. Сам си ставав 'рестрикции' за да дојдам дотука, каде што сум денес“, вели за CRNOBELO.com Еди Шерифовски, кој ќе ја претставува Македонија во џудо во Париз.

makedonskiot-djudist-edi-sherifovski-pred-olimpijadata-vo-pariz-cel-mi-e-da-osvojam-zlato-01.jpg

Џудистот Еди Шерифовски е еден од неколкуте наши спортисти кои ќе ја претставуваат Македонија на Олимписките игри во Париз.

Овој 22-годишен скопјанец во моментов го живее својот најголем спортски сон.

makedonskiot-djudist-edi-sherifovski-pred-olimpijadata-vo-pariz-cel-mi-e-da-osvojam-zlato-03.jpg

По бројните учества на турнири и натпревари, по многуте медали, но и загубени борби, Еди сега ќе се појави на Олимписките игри во Франција и ќе ги брани боите на Македонија, а нескромно вели: „Одам на злато“.

Еди, кој долги години тренира џудо, студира на Економскиот факултет на Универзитетот Св. Кирил и Методиј. Тој неодамна се квалификуваше за Олимписките игри во Париз и тогаш откри дека му се исполнил сонот.

makedonskiot-djudist-edi-sherifovski-pred-olimpijadata-vo-pariz-cel-mi-e-da-osvojam-zlato-09.jpg

За CRNOBELO.com, разговаравме за неговата кариера, Олимпијадата и очекувањата.

Прочитајте го интервјуто со Еди во продолжение:

Дали ти е ова прв настап на Олимпијада? Во која категорија ќе се натпреваруваш?

Да, ова ми се први Олимписки игри. Ќе настапам на 30-ти јули и од порано ги познавам останатите џудисти кои се квалификуваа за Игрите.

Но, првиот противник ќе го дознаам на 4 дена пред натпреварот.

makedonskiot-djudist-edi-sherifovski-pred-olimpijadata-vo-pariz-cel-mi-e-da-osvojam-zlato-07.jpg

Која ти е целта на Олимпијадата?

Златен медал.

Колку време се подготвуваше, на колку турнири се натпреваруваше и што сè мораше да постигнеш за да ја фатиш олимписката норма?

Може да се каже дека цел живот се спремам за овој голем настан.

А, зад тоа стои многугодишна напорна работа.

makedonskiot-djudist-edi-sherifovski-pred-olimpijadata-vo-pariz-cel-mi-e-da-osvojam-zlato-05_copy.jpg

Што ти беше најтешко во процесот на подготовките?

Искрено, трпението. Едвај чекам да дојде денот на натпреварот.

makedonskiot-djudist-edi-sherifovski-pred-olimpijadata-vo-pariz-cel-mi-e-da-osvojam-zlato-10.jpg

Низ годините, од што сè мораше да се откажеш за да стигнеш до ова ниво на коешто си денес?

Би рекол, од сè „нормално“ - излегувања, дружби, кафиња. Па, дури и пропуштени фамилијарни настани.

Имаше ли некакви забрани, да не смееш да излегуваш доцна, на пример, додека твоите врсници се забавуваат?

Не дека не сум смеел да излегувам.

Но, сам не сум чувствувал потреба и сам сум си ставал „рестрикции“ за да дојдам дотука, каде што сум денес.

makedonskiot-djudist-edi-sherifovski-pred-olimpijadata-vo-pariz-cel-mi-e-da-osvojam-zlato-08.jpg

Од друга страна, што ти донесе спортот, а што можеби немаше да го имаш ако не беше спортист?

Ми донесе многу работи - физичко здравје, ментално здравје, добри навики, дисциплина, исполнителност, а исто така и почит од надворешниот свет.

Ќе дојдат ли твоите или девојка ти да те бодрат во Париз?

Поради огромната побарувачка за карти и премногу туристи, мислам дека нема да дојде никој да ме бодри во Париз.

makedonskiot-djudist-edi-sherifovski-pred-olimpijadata-vo-pariz-cel-mi-e-da-osvojam-zlato-02.jpg

Дали имаш поголема трема кога знаеш дека се во публика да те гледаат или ти даваат сила да си подобар?

Ми даваат сила, ветар во грбот би рекол.

Каков е Еди приватно? Што сакаш да правиш кога не спортуваш?

Јас сум многу позитивен човек со многу енергија, кој има решение за секој проблем.

Доста сум организиран и исполнителен и во другите работи, не само во спортот.

А, надвор од спортот моментално ми фалат плажа, море и многу одмор.

Така што, по Олимпијадата ќе следи таква фаза.

makedonskiot-djudist-edi-sherifovski-pred-olimpijadata-vo-pariz-cel-mi-e-da-osvojam-zlato-06.jpg

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Стефан Лазаров за љубовта со Марта: „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успе... „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успеси и падови. Ние...
Петар Грашо за CRNOBELO: „Кога се роди Алба бев во Охрид, тие 10 часа додека патував до дома ми беа ... „Кога стигнав во болницата, ме одведоа во делот со бебињата и ми рекоа: 'Ов...
Слаткар за татковството: „Цел живот чекав да станам татко“ „На Моша му читам, ама како да не ми ги сака приказните, ко да знае дека си ги и...
Меланија Цветковска, физиотерапевт: „Луѓето кај нас не сфаќаат дека потиснатите чувства предизвикува... „Лутината, стравот или тагата може да се манифестираат како разни абдоминални бо...
Милица Павловиќ за CRNOBELO: „Немам емотивен партнер, можеби Македонец ми е судбина“ „Да не беа моите баба и дедо, немаше да сум толку решителна. Нивните крилја ми б...
Елена од Кавадарци е мејкап артистка во САД: „Не планирав да се селам, тука заработката е поголема и... „Во САД најчесто само невестата, девериците и мајките најмуваат шминкер за свадб...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg