Страсно го бакнува и го држи во прегратка – Хит фотки од Макрон со министерката за спорт на Олимпијада
- Детали
- среда, 31 јули 2024
„Кога јас го бакнувам колегата, не го држам така за вратот“ – велат твитерџиите за објавените фотки на кои претседателот Макрон е во прегратките на колешка, со која е на иста возраст. Според нив, овие фотки нема да ѝ се допаднат на неговата 25 години постара сопруга.
Церемонијата по повод отворањето на Олимпијадата во Париз за многумина беше промашување, но очигледно, не и за претседателот на Франција Емануел Макрон (46), кој бил задоволен од постигнатото.
Очигледно, претседателот дозволил толку многу да го поведат емоциите па е фатен како се прегрнува и бакнува со министерката за спорт на Франција, Амели Удеа Кастера (46), а според многумина ова не се фотки на кои се гледа прегратката на пријатели и колеги, туку на љубовници.
Фотките беа објавени во голем број од француските медиуми и веднаш станаа хит на социјалните мрежи.
„На Брижит нема да ѝ се допадне ова“;
„Амели е барем згодна“;
„Сигурни сме дека овој бакнеж е премногу интимен за да биде пријателски, нели?“;
„Ете вака се гради добар тим“ – стои во некои од коментарите на француските твитерџии.
🔴 INFO - #Politique : Le président francais Emmanuel #Macron et la Ministre des Sports et des Jeux Olympiques et Paralympiques Amélie Oudéa-Castéra (@AOC1978) heureux du résultat de la #ceremoniedouverture des #JO2024 (📷Odd Andersen/AFP) #Paris2024 pic.twitter.com/PkWQaalaOk
-->— FranceNews24 (@FranceNews24) July 27, 2024
Она што сите го забележуваат на една од фотографиите е погледот на францускиот премиер Габриел Атал, кој го свртел погледот на другата страна, па според твитерџиите и сам е засрамен од тоа што го прави претседателот со министерката.
Инаку, министерката за спорт на Франција, е поранешна тенисерка и познато е дека таа беше директно вклучена во организацијата на Олимпијадата,
На почетокот на месецот таа се нурна во реката Сена, за да докаже дека таа е безбедна за пливање и дека нивото на ешерихија коли во водата е безбедно.
Од друга страна, првата дама на Франција си има свои проблеми, па дури и започна судска постапка против твитерџиите кои во текот на минатите години ширеа теории на заговор дека таа е родена како момче.
Брижит (71) на денот на отворањето на Олимпијадата позираше заедно со сопругот и со светските лидери на приемот во нивната палата, но не се знае каде била во моментот кога нејзиниот сопруг беше фатен како разменува бакнежи со колешката.
Прочитајте и „Жените не седнуваат така“ – Вирално се шири теорија на заговор дека Брижит Макрон е родена како момче
Б. С. Б. | Црнобело