Сонувала да се омажи за богат маж, но сама заработила милиони - Самохрана мајка од Гана е вистинска инспирација
- Детали
- недела, 21 април 2024
Одбила брак со милионер, останала сама со 2 деца и морала да се врати во родното село. Но, токму таму успеала да отвори успешен бизнис. Згодната Хамамат од Гана е вистинска инспирација.
35-годишната Хамамат Монти од Гана е вистинска атракција на социјалните мрежи, каде го прикажува својот необично екстравагантен живот живеејќи во сиромашно село.
Уште како тинејџерка почнала да се занимава со манекенство, а во 2007 година ја добила титулата Мис универзум Африка, по што се стекнала со голема популарност.
Многумина ја нарекуваат африканска божица, опис со кој сигурно ќе се сложите доколку видите само неколку нејзини фотографии.
Бидејќи оваа Африканка потекнува од скромно село во близина на Болгатанга, отворено признала дека нејзината главна цел по победата на натпреварот за убавина била да се омажи богато и да живее поинаков, пораскошен живот.
Кратко по победата, Хамамат запознала богат Финец кој се заљубил во неа, а таа вели дека дури и семејството и пријателите ѝ препорачале да се омажи за него.
Сепак, и покрај соништата за полуксузен живот, убавата манекенка не се заљубила во милијардерот кој ѝ понудил брак, па се разделила од него.
Набрзо потоа, Хамамат се заљубила во друг маж, се венчале и добиле две деца.
Но, и тој брак не издржал и останала сама со децата и мала заштеда.
Бидејќи морала сама да се грижи за децата, брзо сфатила дека нема да може да си дозволи повеќе да живее во градот, па се вратила во родното село во Гана каде повторно почнала да живее со семејството во скромни услови.
Пресврт во животот доживеала во 2017 година кога го лансирала својот бренд Hamamat African Beauty.
Имено, Хамамат на социјалните мрежи споделила видео на кое таа и нејзиното семејство прават традиционален шеа путер и токму ова видео било почеток на нејзиниот голем успех во бизнис сферата.
Не ни сонувала дека ќе почне да заработува големи пари.
Hamamat African Beauty произведува продукти за нега на кожа кои се направени од 100% природни состојки, а сите членови на нејзиното семејство рачно го изработуваат шеа путерот што го продаваат низ целиот свет.
Охрабрена од успехот на брендот, таа се посветила и на социјалните мрежи, па дури и отворила музеј за путер.
„Во селото, сè што користиме на нашата кожа е свежо рачно изработено - шеа путер, природни масла, билки и состојки кои локално се одгледуваат во Африка.
Ние веруваме во магијата на шеа путерот, веруваме и во лековитата моќ на африканските билки и растенијата, па го мешаме и ги ставаме во нашите производи“, пишува на официјалниот веб-сајт на брендот.
Денес Хамамат живее и работи во своето родно село, а преку социјалните мрежи му ја претставува на светот африканската култура и воедно им помага на други африкански семејства.
На Инстаграм има над милион следбеници, поради што дефинитивно спаѓа во категоријата на поуспешни инфлуенсери. Според некои извори, нејзиното богатство веќе достигнува пет милиони долари.
Нејзиниот профил е прозорец кон поинаков начин на живот, кој скоро и никогаш не го гледаме на социјалните мрежи.