Каде се денес вистинските ликови од „Griselda“, новата популарна серија на Нетфликс?
Џун Хокинс-Синглтон и Раул Диаз
Џун и Раул се полицајците кои заедно успеале да ја фатат Гризелда.
Тие биле мошне важен дел од единицата која била задолжена за фаќањето на опасната жена.
Денес Џун има 73 години и живее со нејзиниот сопруг Ал. Според некои извори, се пензионирала во 2004 година.
Сцена од серијата
Таа има давано интервјуа за повеќе телевизии и медиуми каде што зборува за нејзиното искуство со случајот на Гризелда.
Истовремено, ја консултирала и актерката што ја глуми неа во новата серија.
Од друга страна, Раул Диаз се држи понастрана од јавноста и за него не се знае многу.
Единствено, за новата серија има изјавено дека му се допаднало како се претставени со колешката Џун.
Фотографија од Џун пред да се пензионира
Дарио Сепулведа
Во серијата, Дарио и Гризелда се пар.
Иако некои детали за нивниот однос можеби се измислени во серијата, факт е дека тие се венчале во 1978 година и го добиле синот Мајкл.
Според некои извори, откако се разделиле, почнале битка за старателството над синот.
Сцена од серијата
Додека Гризелда била во Мајами, Дарио го зел Мајкл во Колумбија надевајќи се дека таму ќе биде побезбеден.
Но, бил пронајден мртов со прострелна рана, по што Мајкл се вратил во кај мајка му во Мајами.
Постојат гласини дека Гризелда е таа што го нарачала неговото убиство.
Една од ретките фотографии од Дарио
Фабио и Хорхе Очоа
Интересно е што овие два лика се појавуваат и во серијата Narcos која се фокусира на Пабло Ескобар, а потоа и на други картели од Колумбија.
Што значи, тие двајца имале голема улога во целиот бизнис со шверц на дрога кој се одвивал таму.
Некои детали за браќата кои се претставени во новата серија се измислени, но вистина е дека стекнале огромно богатство.
Според некои информации, тие заработиле околу 6 милијарди долари со бизнисот со дрога.
Сцена од серијата
Во 1991-та, браќата самите се предале на полицијата по обвиненијата за шверц на дрога.
Хорхе бил ослободен во 1996-та, по пет години зад решетки и денес живее во Колумбија.
Фабио, пак, бил повторно уапсен во 1999-та поради шверц. Се верува дека отслужил мала казна и денес не се знае каде е.
Фабио Очоа
Прочитајте и: Поопасна и од Пабло Ескобар – Црната вдовица која со пиштол ги терала мажите и жените да имаат секс со неа
Спирова С. | Црнобело