Поопасна и од Пабло Ескобар – Црната вдовица која со пиштол ги терала мажите и жените да имаат секс со неа

Гризелда Бланко, позната и како „кралица на кокаинот“ е можеби најозлогласениот нарко-бос и за неа велеле дека била поопасна и позлобна од сите мажи во истиот „бизнис“. Гризелда безмилосно убивала и не постоела личност која не се плашела од неа. Нејзината бизарна животна приказна стана и инспирација за нова Нетфликс серија која уште се снима.

Poopasna-i-od-Pablo-Eskobar-Grizelda-Blanko-01.jpg

Гризелда Бланко ја нарекувале „кралицата на кокаинот“ која ширела страв и трепет во подземјето во Мајами. За неа се вели била посурова и од нарко-босот Пабло Ескобар. На патот кон парите, моќта и власта таа не поштедила никого, па дури ни синот.

Poopasna-i-od-Pablo-Eskobar-Grizelda-Blanko (6).jpg

Позната како „Ла Мадрина“ – (Кумата), колумбиската нарко-кралица Гризелда Бланко влегла во трговијата со кокаин во раните 1970-ти – кога младиот Пабло Ескобар бил само обичен крадец на автомобили.

Не се знае точно колку биле двајцата блиски, но некои тврдат дека таа му го трасирала патот. Некои веруваат дека Ескобар бил нејзин штитеник. Сепак, други велат дека тие биле лути ривали.

Poopasna-i-od-Pablo-Eskobar-Grizelda-Blanko (2).jpg

Гризелда Бланко несомнено е една од најконтроверзните и најомразените личности од поново време, а кога ќе ја прочитате нејзината бизарна животна приказна, ќе ви стане јасно и зошто.

Крвави дијаманти

Во 80-тите Гризелда станала главен „играч“ во обезбедувањето на дрога во Мајами. За време на нејзиното владеење опишано како терор, таа се стекнала со безброј непријатели низ Колумбија и САД и направила сè што е во нејзина моќ за да ги елиминира.

Poopasna-i-od-Pablo-Eskobar-Grizelda-Blanko (4).jpg

Од масовни убиства во трговски центри, до убиства со мотоцикли (метод што таа самата го смислила) и упади во куќи, Гризелда Бланко била официјално одговорна за најмалку 200 убиства, а потенцијално за повеќе од 2.000.

„Луѓето толку се плашеа од неа што нејзината репутација ѝ претходеше каде и да одеше. Гризелда беше полоша од сите мажи вклучени во трговијата со дрога“, изјавил Нелсон Абреу, поранешен детектив за убиства.

Додека им вршела тортура на другите, од друга страна, таа уживала во прекрасен, скап накит, поседувала вила во Мајами Бич, дијаманти купени од првата дама на Аргентина, Ева Перон, и богатство кое се броело во милијарди.

Мрачно детство

Родена во 1943 година, Гризелда Бланко ја започнала многу рано својата криминална кариера и ја покажала својата мрачна страна.

Кога имала само 11 години, таа наводно киднапирала 10-годишно момче, а потоа го застрелала и го убила бидејќи неговите родители не го платиле откупот.

Поради физичкото малтретирање во домот, Гризелда набрзо завршила на улиците на Меделин, каде што заработувала продавајќи го своето тело.

На 13 години ја почувствувала моќта на парите заработени со помош на криминал. Потоа го запознала нејзиниот иден сопруг Карлос Трухиљо, шверцер на доселеници од САД.

Иако заедно имале три сина, нивниот брак не траел долго. Бланко подоцна го убила Трухиљо, кој е првиот од нејзините тројца сопрузи кој завршил со брутална смрт.

Poopasna-i-od-Pablo-Eskobar-Grizelda-Blanko (10).jpg

Црната вдовица

Нејзиниот втор сопруг, Алберто Браво, ја внел Гризелда во трговијата со кокаин. Во раните 1970-ти, тие се преселиле во Квинс, Њујорк, каде што нивниот бизнис експлодирал.

Тогаш Бланко станала позната како „Кумата“. Открила неверојатен начин за шверц на кокаин во Њујорк и принудувала млади жени да пренесуваат кокаин скриен во градници и долна облека, која Гризелда ја дизајнирала специјално за таа цел.

Poopasna-i-od-Pablo-Eskobar-Grizelda-Blanko (7).jpg

По смртта на вториот сопруг, Гризелда Бланко добила нова титула – „Црната вдовица“. Во исто време, таа добила и целосна контрола над нејзината империја со дрога. 

Водела бизнис од Колумбија и испраќала кокаин во САД. Во 1978 година, таа се омажила за сопругот број три, ограбувач на банки по име Дарио Сепулведа.

Кога се преселила во Мајами, била опкружена со невиден луксуз. Куќи, скапи автомобили, приватен авион – таа едноставно имала сè. Како целиот криминал да не бил доволен, се шпекулирало дека под закана со оружје таа принудувала мажи и жени да имаат секс со неа.

Убивала без прашање

Другите криминалци во тоа време убивале со умисла. Прво проверувале, па потоа убивале. Бланко била многу посурова - прво ќе убиела некого, па ќе рекла: Тој беше невин, штета, но сега е мртов.

Таа ги елиминирала сите кои ќе ѝ застанеле на патот, но и многумина без причина.

Нејзиниот трет сопруг го киднапирал нивниот син Мајкл и го однел во Колумбија. Тогаш Балнко покажала дека нема милост за никого - испратила атентатори кои го застрелале нејзиниот маж, и тоа пред очите на нивниот мал син.

Poopasna-i-od-Pablo-Eskobar-Grizelda-Blanko (8).jpg

Несреќен крај

На врвот на нејзината моќ во 1980-тите, Гризелда Бланко раководела со организација вредна милијарда долари која транспортирала над 1500 килограми кокаин месечно во САД.

Потоа, за да се извлече од епицентарот на опасните настани, во 1984 година се преселила во Калифорнија. Таму ја уапсиле во 1985 година. Имала 42 години.

Била осудена на речиси 20 години затвор за трговија со дрога. Меѓутоа, во затвор го запознала својот љубовник Чарлс Козби и со неговата помош од затворот го продолжила својот бизнис.

Poopasna-i-od-Pablo-Eskobar-Grizelda-Blanko (1).jpg

Poopasna-i-od-Pablo-Eskobar-Grizelda-Blanko (9).jpg

Poopasna-i-od-Pablo-Eskobar-Grizelda-Blanko (3).jpg

Poopasna-i-od-Pablo-Eskobar-Grizelda-Blanko (5).jpg

Во 1992 година, луѓето на Пабло Ескобар го убиле Освалд, најстариот син на Гризелда. Таа добила уште еден тежок удар кога нејзиниот главен атентатор станал клучен сведок во судскиот процес против неа.

Гризелда ја избегнала смртната казна и во 2004 година била ослободена и испратена во Колумбија. Осум години подоцна била застрелана пред месарница во Меделин, на мотор.

Настрадала од суров метод што самата го започнала. Уште не се знае кој точно го нарачал нејзиното убиство, бидејќи едноставно имало толку многу луѓе што ја посакувале нејзината смрт.

За многумина, Гризелда е синоним за свирепа личност без трошка емпатија кон другите. Таа убивала, измачувала и веројатно силувала луѓе и ќе остане запомнета како еден од најзлобните нарко-босови.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10-те најлоши дадилки во историјата: Им биле доверени деца, а тие извршиле сурови убиства Бети Смити од САД имала само 20 години кога била прогласена за виновна за убиств...
Фото-компликација: Предмети кои се користеле со години (и се „изедени“ од времето) Ѓонот на нови наспроти ѓонот на стари чевли, нож кој бил острен безброј пати, ск...
„Се запознавме во суд додека чекавме да се разведеме и веќе 17 години сме заедно“: Неверојатни прика... „Сопругот сакаше да се разведеме по 7 години брак, а јас за да го испровоцирам, ...
„Нема да се омажам за тебе“: 8 жени открија зошто ги одбиле своите партнери „Ме побара за сопруга и ми рече да си ставам тетоважа ‘приватна сопственост, заф...
Ретро кујнски апарати што нашите баби (веројатно) ги користеле Сте виделе ли миксер кој не работи на струја? А, сте виделе ли како изгледале не...
Богати и славни личности кои биле без „скршен денар“ кога починале Витни Хјустон должела дури 20 милион на нејзината издавачка куќа, додека за погр...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg