Пред 10 години стана меме, нејзиниот поглед и денес е хит - Се сеќавате на Клои Клем?

Лицето на Клои Клем, која гледа зачудено со својот продорен поглед, повеќе од 10 години е едно од омилените мемиња во светот, кои и денес се споделуваат на социјалните мрежи.

pred-10-godini-stana-meme-nejziniot-pogled-i-denes-e-hit-se-sekjavate-na-kloi-klem-01.jpg

Светот првпат дозна за Клои Клем во 2013-та година, кога мајка ѝ Кејти ја снимила нејзината незаинтересирана реакција, кога ѝ кажуваат нејзе и сестра ѝ дека ќе одат во Дизниленд.

На популарното видео, нејзината сестра Лили плаче од среќа, а Клои делува незаинтересирано и „фрла“ поглед отстрана кон мајка си.

За кратко време, нејзиниот лик стана меме, а фотката од видеото се споделува и денес.

Клои денес има 13 години, а на Инстаграм ја следат 638.000 луѓе.

Профилна фотка ѝ е, секако, мемето што ја направи позната во цел свет.

pred-10-godini-stana-meme-nejziniot-pogled-i-denes-e-hit-se-sekjavate-na-kloi-klem-02.jpg

Таа денес гордо го носи прекарот side eye queen, бидејќи често знае да сподели фотка или видео на кои, исто како и пред една деценија, реагира на работите со истиот незаинтересиран поглед.

„Да, сè уште го имам истиот поглед“, знае да напише на фотографиите што ги споделува.

Фотографијата со студениот поглед на Клои од 2021-ва е заштитена како дигитална сопственост, а нејзината мајка вели дека парите што ги заработува ќе ги искористи за школување на двете ќерки.

Иако Клои и денес гостува во ток шоуа и забавни емисии, живее скромно со своето семејство во државата Јута.

Повеќе фотографии на следната страница...



Би можело да ве интересира:

„Мајка ми живее со мене откако се породив, готви и се грижи да сум наспана - не сакам да си оди“ „Се будеше во 5:30 и почнуваше со својата рутина. За појадок ми правеше чај од ц...
„Имам 43 години и уште живеам во моите родители - зошто не сакам да се отселам?“ Mинрет Kаур (43) спие во истата соба од детството во домот на нејзините родители...
Сопругот ја напуштил за 15-годишно девојче - Детали за тешкиот живот на Линда Еванс Ѕвездата од „Династија“, била сон на секој маж, но немала среќа во љубовта и со ...
Бараше да му биде извршена евтаназија, но почина мирно во својот дом – Светот се простува од Ален Де... Неговите деца цела година водеа жестока битка за тоа како треба да се лекува акт...
Младите девојки се облекуваат речиси идентично - вирална фотографија предизвика лавина реакции Ако погледнете фотографија од некој клас од средно училиште во Македонија, ќе ви...
Слаткото момче од Киндер денес е во љубов со Романка – Која е вереницата на заводникот од Србија? Била Мис Романија, се преселила во Италија и денес чекори на модните писти на го...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg