Фановите на британското кралско семејство гневни за лампионот со ликот на принцот Вилијам: „Ова е навреда“
- Детали
- понеделник, 18 декември 2023
„Вилијам не можеле да го направат погрд“ – фановите на британското кралско семејство се гневни заради чудните стаклени лампиони. Сите се согласни дека најголема штета му е направена на принцот од Велс.
Американска компанија изработува стаклени лампиони со ликот на познати личности, меѓу кои и членовите на кралското семејство. Обожавателите на кралското семејство по цена од 25 американски долари можат да си купат лампиони со ликот на кралицата Елизабета Втора, кралот Чарлс, кралицата придружничка Камила, но и со принцот и принцезата од Велс, Вилијам и Кејт.
Сепак, според обожавателите на кралското семејство, овие лампиони не само што не наликуваат на нив, туку и се навредливи.
Особено е чуден лампионот со ликот на Вилијам, кој е претставен со морничава насмевка со заби, голем број брчки околу очите и е нагласена неговата ќелавост, особено во задниот дел од главата.
„Ова е страшно“;
„Зошто го направиле Вилијам толку грд?“ – стои во дел од коментарите на социјалните мрежи, а некои пак велат дека целиот приказ е навредлив, пренесува Daily Mail.
Погледнете како изгледаат лампионите од другите членови на кралското семејство:
Ова треба да е Кејт Мидлтон
Ова треба да е кралот Чарлс
Ова треба да е кралицата придружничка Камила
Б. С. Б. | Црнобело