Има 300 луксузни автомобили и приватна армија, ќе владее 5 години – Кој е новиот крал на Малезија?
- Детали
- понеделник, 22 јули 2024
Викендов беше крунисан новиот крал на Малезија кој ќе владее пет години. Новиот крал е милијардер со потекло од Англија и познат е по колекцијата приватни авиони и луксузни автомобили. А, се верува дека има и автомобил кој неговото семејство го добило како подарок од Хитлер…
Малезија е уставна монархија со мошне уникатен систем – кралскиот престол не се наследува од татко на син, туку кралот се менува на секои пет години.
Во Малезија има девет кралски семејства, а на секои пет години, главата на едно од кралските семејства седнува на тронот.
Деветте владетели го избираат новиот крал со тајно гласање.
Новиот крал беше избран кој крајот на минатата година, а беше крунисан во саботата (20.07) со раскошна церемонија.
Новиот крал е султан Ибрахим Искандар, 65-годишен милијардер со британско потекло.
На церемонијата, кралот носеше црн церемонијален костим украсен со златни везови, како и круна на главата.
Покрај него беше неговата сопруга, кралицата Раџа Зарит Софија.
На церемонијата присуствуваа и поглаварите на другите кралски семејства од Малезија.
Кој е новиот крал на Малезија, кој ќе владее пет години?
Султан Ибрахим е еден од најбогатите луѓе во Малезија. Неговото богатство се проценува на 4,5 милијарди долари, но се верува дека има многу, многу повеќе пари.
Огромното богатство на кралот потекнува од недвижнини, електрани, поседување акции во бројни компании, како и бројни имоти што ги поседува надвор од неговата земја.
Има неколку приватни авиони, како и колекција од 300 луксузни автомобили. А, се верува дека еден од автомобилите бил подарок од Хитлер за неговото семејство.
Семејството на сегашниот крал е единственото од кралските семејства во Малезија кои имаат и своја приватна армија.
Мајката на кралот потекнува од Корнвол, Англија, додека татко му беше крал на Малезија во 1980-тите.
Сопругата на кралот, Раџа Зарит Софија, студирала на Оксфорд, а со кралот имаат шест деца.
И таа потекнува од кралско семејство во Малезија, а поради нејзината добрина и добротворната работа, народот ја нарекува „кралица на срцата“.
Кралицата зборува пет јазици, а има напишано и четири книги за деца.
Спирова С. | Црнобело