Баба му на Чарлс двапати го победила ракот и живеела до 101 година – Дали болеста е „проклетството“ на кралското семејство?

Баба му имала две операции заради рак, а двајца дедовци биле „покосени“ од болеста. Ракот не е ретка дијагноза во британското кралско семејство. Кои предци на Чарлс се бореле со ракот и колку долго живееле?

baba-mu-na-charls-dvapati-go-pobedila-rakot-i-zhiveela-do-101-godina-dali-bolesta-e-prokletstvoto-na-kralskoto-semejstvo-01_copy.jpg

Во сите светски медиуми веднаш беше пренесена веста дека кралот Чарлс Трети (73) боледува од рак, што бил откриен за време на неговата операција заради зголемена простата.

Но, иако прогнозите засега се позитивни, тој не е првиот член на британското семејство кој ќе води битка со злокобната болест.

baba-mu-na-charls-dvapati-go-pobedila-rakot-i-zhiveela-do-101-godina-dali-bolesta-e-prokletstvoto-na-kralskoto-semejstvo-02_copy.jpg

Во продолжение да погледнеме кои други членови на кралското семејство се бореле со болеста:

Кралицата мајка

Мајката на кралицата Елизабета, која е позната под титулата кралицата мајка, и која му е баба на Чарлс двапати успеала да го победи ракот и живеела до 101 година.

baba-mu-na-charls-dvapati-go-pobedila-rakot-i-zhiveela-do-101-godina-dali-bolesta-e-prokletstvoto-na-kralskoto-semejstvo-03_copy.jpg

Според официјалната биографија, во декември 1966-та година таа имала 90-минутна операција за да ѝ се отстрани тумор од дебелото црево.

baba-mu-na-charls-dvapati-go-pobedila-rakot-i-zhiveela-do-101-godina-dali-bolesta-e-prokletstvoto-na-kralskoto-semejstvo-04_copy.jpg

Околу 18 години подоцна, таа имала уште една операција за отстранување на тумор од градите. И покрај двете операции, кралицата мајка живеела долго, до возраст од 101 година.

Таа живеела 50 години повеќе од нејзиниот сопруг, кралот Џорџ Петти, и важи за вториот најдолговечен член на кралското семејство.

baba-mu-na-charls-dvapati-go-pobedila-rakot-i-zhiveela-do-101-godina-dali-bolesta-e-prokletstvoto-na-kralskoto-semejstvo-05_copy.jpg

Едвард Осми

Едвард Осми бил чичко на кралицата Елизабета, односно, брат на нејзиниот татко, а ќе биде запаметен по тоа што абдицираше од тронот за да може да се ожени за Американката Волис Симпсон во 1936-та година.

Тој починал од рак на грлото во 1972-ра година, на возраст од 72 години.

baba-mu-na-charls-dvapati-go-pobedila-rakot-i-zhiveela-do-101-godina-dali-bolesta-e-prokletstvoto-na-kralskoto-semejstvo-06_copy.jpg

Кралот Џорџ Шести

Таткото на кралицата Елизабета и дедо на Чарлс, кралот Џорџ Шести на престолот дошол во 1936-та, а владеел сѐ до неговата смрт во 1952-ра на возраст од 56 години.

baba-mu-na-charls-dvapati-go-pobedila-rakot-i-zhiveela-do-101-godina-dali-bolesta-e-prokletstvoto-na-kralskoto-semejstvo-08_copy.jpg

Се верува дека тој имал рак на белите дробови како последица на долготрајното консумирање тутун.

Една година пред смртта, лекарите му го отстраниле левото белодробно крило со цел да го спасат од болеста.

baba-mu-na-charls-dvapati-go-pobedila-rakot-i-zhiveela-do-101-godina-dali-bolesta-e-prokletstvoto-na-kralskoto-semejstvo-07_copy.jpg

Прочитајте и Нострадамус предвиде дека владеењето на Чарлс ќе биде кратко – По дијагнозата со рак, Вилијам ги презема сите обврски

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Трапавиот Чарлс“ – Избегнал смртоносна лавина, сам ќе си го откинел прстот со чекан Скршил рамо додека ловел лисици, не знае ни сам колкупати паднал од коњ, а за ма...
„Шест години бев во врска со полицаец на тајна задача, бил испратен да ме шпионира“ „Бевме на зимување на Алпите кога дознав. Го најдов неговиот пасош - не ми го по...
Вдовицата на Хефнер: „Од лошата хигиена во палатата добив болести, на Хју му беше здодеано од секс“ По 8 години живот во Плејбој палатата Кристал добила лајмска болест, а било утвр...
„Ја советувам ќерка ми да се омажи богато - подобро да живее на висока нога, отколку да страда за па... „Ќерка ми си го троши времето на кретени со кои разговара онлајн и тие муабети н...
Гласини за убиства, силувања и дивеење – Мрачните тајни на најбогатото кралско семејство во светот Еден член на кралското семејство го уби својот слуга среде Лондон, а подоцна се ...
„Бев сурогат мајка на неколку познати жени - има многу предизвици кои се кријат од јавноста“ „Морав да пополнам куп формулари. Поминав психолошка евалуација, правев прегледи...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg