Нострадамус предвиде дека владеењето на Чарлс ќе биде кратко – По дијагнозата со рак, Вилијам ги презема сите обврски
- Детали
- вторник, 06 февруари 2024
Откако Бакингемската палата соопшти дека британскиот крал Чарлс Трети боледува од рак, се очекува целиот товар на „Фирмата“ да падне врз плеќите на престолонаследникот Вилијам, а се знае дека и покрај сите несогласувања, Хари веднаш одлучил да допатува во Лондон.
Според соопштенијата на британските медиуми, кралот Чарлс боледува од недефиниран облик на рак, кој бил откриен за време на испитувањата поврзани со неговото зголемување на простатата.
Сепак, прогнозите на лекарите се добри и веруваат дека болеста била откриена во многу рана фаза, па затоа постои можност за брзо лекување и закрепнување.
Наводно, Чарлс знаел за дијагнозата уште на почетокот на минатата недела, но не сакал веднаш да ѝ соопшти на јавноста.
Хари се враќа дома
Набрзо по соопштувањето на вестите дека Чарлс боледува од рак, дел од британските медиуми информираат дека принцот Хари веднаш тргнал кон Лондон, за да биде со татко му и со најблиските.
Засега не се знае каде ќе престојува принцот додека е дома, затоа што тој ги врати клучевите од неговиот дом во Виндзор, а минатата година во септември не му дозволија да престојува во палатата, па заради тоа мораше да остане во хотел.