Нострадамус предвиде дека владеењето на Чарлс ќе биде кратко – По дијагнозата со рак, Вилијам ги презема сите обврски
Целиот товар ќе падне врз плеќите на Вилијам
По објавата на дијагнозата, кралот Чарлс ги откажа сите јавни присуства, а се очекува да продолжи да ги завршува административните обврски и да има ретки лични средби.
Целиот товар ќе падне врз плеќите на принцот Вилијам кој треба веднаш да продолжи со своите обврски, но и да ги преземе обврските на кралот и на неговата сопруга Кејт, која до Велигден ќе закрепнува од операцијата на абдоменот.
Иако Чарлс е оптимист дека наскоро ќе може целосно да им се врати на должностите, познато е дека тој и Вилијам поминуваат колку можат повеќе време заедно и дека престолонаследникот ќе мора да преземе голем дел од неговите обврски.
Нострадамус предвиде дека владеењето на Чарлс ќе биде кратко
Од друга страна, по објавата на вестите за здравствената состојба на кралот, дел од британските медиуми се потсетуваат на предвидувањата на Нострадамус, според кого владеењето на Чарлс ќе биде многу кратко и дека тој најверојатно ќе абдицира, но престолот нема да го наследи Вилијам, туку Хари.
Нострадамус предвидел дека престолот ќе му припадне на „оној за кого никогаш не се очекувало да стане крал“ – што според современите толкувачи најверојатно би можел да биде Хари кој во моментов е петти по ред за преземањето на тронот, по Вилијам и неговите три деца.
Б. С. Б. | Црнобело