Кралот Чарлс дијагностициран со рак, веднаш ќе почне со третмани

„Кралот останува позитивен во однос на целото лекување, а реши веднаш да ја сподели својата дијагноза за да ги избегне сите шпекулaции за неговото здравје“, стои во соопштението што Бакингемската палата го сподели на Твитер.

kralot-charls-dijagnosticiran-so-rak-vednash-kje-pochne-so-tretmani-01.jpg

Британскиот крал Чарлс Трети е дијагностициран со рак и веднаш ќе почне со третмани за лекување, објавија од Бакингемската палата.

Оттаму не открија за каков тип на рак се работи и во која фаза е во мометов.

kralot-charls-dijagnosticiran-so-rak-vednash-kje-pochne-so-tretmani-02.jpg

Од палатата издадоа официјално соопштение во кое се вели:

„Во текот на неодманешната процедура со која се третираше бенигно зголемување на простата на кралот, беше забележана друга неправилност, по која беа направени испитувања, кои покажаа форма на рак.

Неговото височесто уште денес ќе почне со редовни третмани, но по препорака на лекарите ќе ги одложи сите свои појавувања во јавноста. Во текот на овој период, тој ќе продолжи со сите свои официјални должности и државни активности како вообичаено.

kralot-charls-dijagnosticiran-so-rak-vednash-kje-pochne-so-tretmani-04.jpg

Кралот е благодарен на медицинскиот тим за брзата интервенција, која беше возможна поради неодамнешна болничка процедура. Тој останува позитивен во однос на целото лекување и со нетрпение очекува да ги исполни идnите јавни активности и должности.  

Неговото височество реши веднаш да ја сподели својата дијагноза за да ги избегне сите шпекулации за неговото здравје, а со надеж дека ќе може да им помогне и на други луѓе во светот кои имаат рак“, стои во соопштението што од платата го споделија на Твитер.

kralot-charls-dijagnosticiran-so-rak-vednash-kje-pochne-so-tretmani-03_copy.jpg

А. Ј. | Црнобело 

Би можело да ве интересира:

Родители од Австралија лажеле дека син им (6) има рак за пари од донации - му ја избричиле и косата Го терале 6-годишното дете да користи инвалидска количка и лажејќи дека има рак,...
Сопругот ја напуштил за 15-годишно девојче - Детали за тешкиот живот на Линда Еванс Ѕвездата од „Династија“, била сон на секој маж, но немала среќа во љубовта и со ...
Инспиративната приказна на Виторија Буено (16), балерината родена без раце „Кога беше мала, луѓе доаѓаа пред нашата куќа и зјапаа во Виторија. Имаше и такв...
„Ја продавам мојата користена долна облека - заработувам над 4.000 евра месечно“ „Еден клиент сакаше само да зготвам оброк додека ја носам долната облека. Ништо ...
Жена (33) се обидела да се фрли под воз – мажот што ја спасил, денес ѝ е сопруг со кого има 3 деца „Животот станува подобар, само мора да бидете тука за да видите“ – вели оваа жен...
Најубавиот Арап на светот: Тврди дека го протерале од Дубаи затоа што е премногу згоден, успеал да г... Со својата убавина „маѓепсува“ жени ширум светот. Со измама дошол до титулата „н...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg