„Алергична сум на вода - скалпот ми крвари кога мијам коса, ми се појавуваат пликови по телото кога ќе се испотам“
- Детали
- сабота, 14 октомври 2023
„Наместо вода, пијам млеко. Во лето луѓето одат на плажа, прават забави покрај базен и се обидуваат да избегаат од топлината најдобро што можат, а јас не можам да уживам во ништо од тоа и се чувствувам изолирано и осамено“, вели Теса Хансен-Смит, која е алергична на вода.
Теса Хансен-Смит (25) од Калифорнија е алергична на вода. Таа е една од малкуте луѓе во светот (само околу 250) кои имаат ваква необична алергија, позната како аквагена уртикарија.
За овие луѓе е доволно да се во допир со вода подолго од 10-15 секунди за да почнат да им се појавуваат пликови на местото допрено од вода, црвенило, па дури и крварење.
Теса вели дека по секое туширање ги чувствува последиците од оваа необична алергија за која нема лек - огромни напукувања по телото, изразено видливи стрии, дури и крвавење на скалпот.
Таа не е родена со алергија на вода, а како мало девојче пливала, се бањала и пиела вода како и повеќето други деца. Дури кога почнала да развива „мистериозни“ симптоми, семејството на Теса сфатило дека нешто не е во ред со неа.
„Ќе излезев од туширање и ќе имав огромни вдлабнатини на кожата, а скалпот ќе ми крвареше.
На почетокот ги исфрлив шампоните, регенераторите, сапуните, мислејќи дека тие се причината за крварењето, но ни тоа не помогна“, вели Теса.
Таа долги години одела на разни испитувања и тестирања кај специјалисти, но никој од нив не успеал да открие што ѝ е, сè додека еден ден, мајка ѝ на Теса, која е лекар, не сфатила дека проблемите ги предизвикува водата.
Водата ѝ предизвикува чешање, осип и пликови на кожата.
Нејзините солзи и потта ѝ предизвикуваат алергиска реакција, па дури и пиењето вода ѝ е болно, бидејќи чувствува печење во грлото и телото.
Наместо вода, Теса пие млеко и со тоа ја гасне жедта.
Но, Теса конечно ја прифаќа својата состојба, па на Инстаграм често споделува фотографии и видеа од нејзиното тело, од проблемите со кои се соочува и пробува да биде позитивна дури и кога ѝ е тешко.
„Кога луѓето на колеџ дознаа за мојата состојба, некои намерно ме прскаа со вода или фрлаа по мене со коцки мраз“, се сеќава Теса.
Признава и дека ѝ е најтешко на лето, кога се поти, па скоро и да не излегува од дома.
„Во лето луѓето одат на плажа, луѓето прават забави покрај базен и се обидуваат да избегаат од топлината најдобро што можат, а јас не можам да уживам во ниедна од нив, така што, понекогаш се чувствувам изолирано и осамено“, признава таа.
Лек за аквагена уртикарија засега не постои, а Теса зема антихистаминини за да ги ублажи осипите, пликовите и чешањето кога ќе дојде во контакт со вода.
„Се надевам еден ден ќе го доживеам она чувство на нормалност во животот“, вели Теса.
А. Ј. | Црнобело