Претставник на Абориџините го благослови Новак Ѓоковиќ и трофеите и го „исчисти“ од негативната енергија (фото)
- Детали
- понеделник, 09 јануари 2023
Минатата година Новак Ѓоковиќ доживеа низа непријатности во Австралија, а сега доби благослов од староседелците на земјата. Абориџински шаман изведе ритуал за прочистување на српскиот тенисер и неговиот пехар од негативната енергија.
Новак Ѓоковиќ ја забележа својата прва победа во 2023-та година и тоа во Австралија, земјата каде што минатата година се соочи со низа непријатности и каде што беше држен во изолација затоа што не примил вакцина против ковид.
Вчерашната победа во Аделаида над Себастијан Корда беше обележана со уште еден интересен момент, кога претставник на домородното абориџинско население изведе ритуал за прочистување на пехарите од негативната енергија.
„Ајде да ја тргнеме негативната енергија од тенисот. Ви благодарам“ – рече претставникот на домородното население.
Инаку, натпреварот вчера се одигра во Аделаида, каде со векови наназад живее домородното население Каурна, а српскиот тенисер не ја пропушти можноста да им се заблагодари во својот завршен говор:
„Мора да признаам дека беше посебен момент да се има благослов од еден од членовите на домородното население кое живеело на оваа земја илјадници години.
Сакам да ги поздравам сите што дојдоа денеска и да им се заблагодарам за присуството. Во благодариме што ја негувате културата и историјата на вашиот народ толку многу години, и тоа е инспиративно“ – рече Новак.
Натпреварот беше обележан со уште еден интересен момент кога тенисерот одлучи да го избрка брат му Марко од натпреварот:
Погледнете повеќе фотографии во продолжение:
Б. С. Б. | Црнобело