Хит видео од Килијан Мбапе како трча да му се извини на навивачот што го нокаутира со топка – „Има срце од злато“
- Детали
- четврток, 15 декември 2022
„Покажа дека има срце од злато“ – велат дел од твитерџиите по видеото во кое се гледа како францускиот репрезентативец трча на трибината да му се извини на навивачот што се здобил со повреди откако бил удрен со топка од Мбапе додека се загревал за натпреварот со Мароко.
Пред започнувањето на полуфиналниот натпревар со Мароко на Светското првенство во фудбал во Катар, играчот на француската репрезентација Килијан Мбапе имал мал инцидент кога со топка „нокаутирал“ еден од навивачите во публиката.
На социјалните мрежи масовно се шири видео снимката од Килијан Мбапе како трча кон трибините за да му се извини на навивачот кого ненамерно го удрил со топка додека се загревал за натпреварот со Мароко, што се одигра синоќа (14.12.) на стадионот Ал Бајт во Катар.
На видеото се гледа како Мбапе трча кон трибините, ја прескокнува заштитната ограда за да му се извини на навивачот кој се држи за лицето, откако претходно бил удрен со топка од страна на францускиот репрезентативец.
Килијан Мбапе важи за еден од најдобрите играчи во француската репрезентација, а гестот што го направи за да се увери дека навивачот е добро по добиениот удар, наиде на голем број позитивни критики кај твитерџиите.
Иако некои коментираат дека можеби младиот фудбалер се уплашил од тужба, други пак го фалат тоа што покажал спортски дух и си ја признал грешката:
„Покажа дека има срце од злато“, „Тој е најдобриот спортист“, „Вистински џентлмен“ – стои во дел од коментарите.
Инаку Франција синоќа успеа да ја совлада репрезентацијата на Мароко со резултат од 2:0 и со тоа се пласираше во финалето што ќе се одигра во недела на 18-ти декември со почеток од 16.00 часот.
Прочитајте и Соништата се остваруваат: Некогаш собата му била „храм“ на Роналдо, а денес игра на терен со него
Погледнете уште неколку фотки од инцидентот во продолжение:
Б. С. Б. | Црнобело