Еуфорија во соблекувалната, но и во Буенос Аирес - Како слави Аргентина за победата над Хрватска? (видео)
- Детали
- среда, 14 декември 2022
„Ова е годината на Лионел Меси“ – велат Аргентинците, горди на победата што синоќа успеаја да ја извојуваат над репрезентацијата на Хрватска. По натпреварот владееше еуфорија во соблекувалната, на стадионот Лусаил во Катар, но и на улиците во Буенос Аирес.
Вчеравечер (13.12.) тимот на Аргентина успеа да извојува победа над Хрватска и со тоа да стане првиот учесник во полуфиналето од Светското првенство во фудбал за 2022, што годинава се одржува во Катар.
По победата од 3:0 играчите на Аргентина прославија во соблекувалната, а видеото од еуфоријата што владееше таму масовно се споделува на социјалните мрежи.
https://www.facebook.com/Eurosport/videos/1693600084370410
На Твитер дополнително беше споделена уште една фотографија од фудбалерите во соблекувалната до која пишува:
„Момците успеаја повторно да ја возбудат Аргентина.“
По победата на Аргентина, илјадници Аргентинци се собраа на плоштадот во Буенос Аирес за да прослават.
„Во недела ќе победиме повторно. Ова е годината на Лионел Меси“ – велат дел од присутните.
Инаку, Аргентинците се надеваат дека во недела нивните фудбалери ќе успеат по третпат да бидат победници на Светско првенство. Тие успеале уште двапати да ја освојат титулата во 1978-мата и во 1986-тата година.
Вечерва, пак, во 20 часот ќе се одигра натпреварот помеѓу Франција и Мароко, по што ќе се добие вториот учесник во финалето на Светското првенство во фудбал.
Б. С. Б. | Црнобело