Федерер го исполни ветувањето кое му го даде на момче пред 5 години: „Ќе ме чекаш ли да пораснам и да играме заедно?“
- Детали
- вторник, 09 август 2022
„Може ли да продолжиш да играш уште 8, 9 години за да можеме да играме заедно кога ќе станам професионален тенисер?“ – го прашал малиот Изјан Зизу Ахмад во 2017-та година. Момчето не очекуваше дека 5 години подоцна тенисерот ќе му ја исполни желбата и ќе си го исполни ветувањето. Емотивно видео од моментот...
Изјан Зизу Ахмад најверојатно не сонувал дека прашањето што во 2017-та година му го поставил на Роџер Федерер за време на US Open, ќе му го донесе најубавиот ден во неговиот живот.
Во 2017-та година момчето Изјан Ахмед познато и како Зизу, собрало храброст и му пристапило на славниот тенисер, па му го поставило следното прашање:
„Може ли да продолжиш да играш уште 8, 9 години за да можеме да играме заедно кога ќе станам професионален тенисер?“
„Да“ – одговорил Федерер.
„Ветуваш?“ – прашало момчето.
„Ветувам...“ – рекол Роџер.
Сега, 5 години подоцна, во соработка со неговите спонзори, Федерер го одржа ветувањето што му го даде на момчето, а видеото од средбата е објавено на YouTube.
Во јуни, Ахмед беше однесен во Цирих. Тој верувал дека го носат на тренинг, па Федерер во тајност го следел секој негов чекор.
На видеото се забележува како детето прво со неверување гледа што се случува околу него, а кога Федерер конечно ќе излезе на теренот, Ахмад со солзи во очите и со подзината уста го поздравува светскиот тенисер:
„Здраво, господине Федерер...“
Погледнете го видеото:
https://www.youtube.com/watch?v=57RpNFLTAZU&t
Б. С. Б. | Црнобело