„Затоа ти побеле косата“ - Бастијан Швајнштајгер ги разлути Македонците, тие му вратија жестоко, па тој посвети објава за нас

„Басти брате, сине мој, поздрав до Анчи имајте убава вечер поздрави и честитки од Македонија“, „Не мора да ми ги враќаш 100-те евра, пиј едно пиво со Анчи за Македонија“, се дел од хит коментарите под фотографијата на Бастијан Швајнштајгер со која навива за Италија.

zatoa-ti-pobele-kosata-bastijan-shvajnshtajger-gi-razluti-makedoncite-tie-mu-vratija-zhestoko-na-navivanjeto-za-italija-01.jpg

Германскиот фудбалер Бастијан Швајнштајгер, сопруг на српската тенисерка Ана Ивановиќ, ги разлути Македонците откако прикачи фотографија од вчерашниот меч за квалификации на Светското првенство помеѓу Македонија и Италија, со тупаница како поддршка на италијанскиот тим.

По победата на Македонија, под неговата фотографија има илјадници коментари, од кои голем дел се од Македонци.

Покрај коментари постојано му го прикачуваат македонското знаме, како и кадри од мечот од македонските фудбалери.

Дел од шеговитите коментари од Македонци, под неговата фотографија на Фејсбук:

Басти брате, сине мој, поздрав до Анчи имајте убава вечер поздрави и честитки од Македонија.

Дајте го сега Бразил!

Сине бе, грешка ти е есапот. Бриши ја оваа објава сега!

Те молам следно за Португалија да навиваш!

Оти бе така море. Ај прашај ја Ана за кого навива!

А ние што навивавме за тебе?

Не мора да ми ги враќаш 100-те евра, пиј едно пиво со Анчи за Македонија.

Поубаво ќе ти беше за нас да навиваш, ама сега ние не те сакаме.

Што бе Швајни? Нека ни извинат... Не знаевме дека се европски шампиони!

Не може човеков да се помири дека ги тепавме таму Германците и сега не е дека навива за Италија, туку против Македонија.

Затоа ти обеле косата пред време...

Forza Nazionale Italiana di Calcio ⚽️🇮🇹

Posted by Bastian Schweinsteiger on Thursday, March 24, 2022

Потоа германскиот фудбалер си ја поправи грешката, па одново ја објави фотографијата со опис:

„Океј, изгледа дека не донесов многу среќа вчера. Извини Италија. Северна Македонија исто така ја победи Германија минатата година... Опасен тим. Португалија треба да биде предупредена.“

Okay, seems like I didn't bring too much luck yesterday, sorry Italy 😬 North Macedonia has also beat Germany last year... a tough team. Portugal should be warned.

Posted by Bastian Schweinsteiger on Friday, March 25, 2022

Потсетете се и Се породи Ана Ивановиќ - прва фотка од второто синче

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Италијанскиот пливач, кој освои злато, спие во парк: „Подобро таму, отколку без клима и на картонски... Хит видео и фотки од олимпиецот кој освои злато, а спие на трева во парк во Пари...
„Извини, љубов моја“ – Емотивно писмо од италијанскиот олимпиец кој ја изгуби бурмата во река во Пар... „Видов како прстенот ми се лизна и летна во водата додека го кревав италијанскот...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg