„Извини, љубов моја“ – Емотивно писмо од италијанскиот олимпиец кој ја изгуби бурмата во река во Париз

„Видов како прстенот ми се лизна и летна во водата додека го кревав италијанското знаме. Но, ќе остане засекогаш на дното на реката во градот на љубовта“ - италијанскиот атлетичар Џанмарко Тамбери заслужува медал за романтичар, откако со писмо ѝ се извини на сопругата за тоа што ја изгуби бурмата на отворање на Олимпијада 2024. 

go-krevav-znameto-mi-skokna-burmata-koj-e-italijanecot-koj-go-spasi-otvoranjeto-na-olimpijadata-vo-pariz-01.jpg

Иако отворањето на Олимписките игри во Париз беше оценето како нејнеолимписко досега и проследено со низа скандали за кои со денови се водеше бурна дискусија, сепак се вели дека гестот на италијанскиот атлетичар Џанмарко Тамбери со неговата сопруга Кјара Бонтемпи, успеа да „го спаси настанот“.

go-krevav-znameto-mi-skokna-burmata-koj-e-italijanecot-koj-go-spasi-otvoranjeto-na-olimpijadata-vo-pariz-02.jpg

Тој за време на церемонијата на отворањето на Олимписките игри ја загубил бурмата во водите на реката Сена, каде што минуваше парадата на спортистите, а неговата порака објавена на Инстаграм разнежи многумина.

Проследете ја пораката во целост:

„Љубов моја извини, извини многу...

Премногу вода, премногу загубени килограми во последните неколку месеци или можеби неодговорниот ентузијазам за тоа што го правевме во моментот.

Можеби сите три нешта, но факт е дека дозволив (прстенот) да ми се лизне, видов како летна... Го следев со погледот, сѐ додека не забележав дека отскокна од подот на бродот.

Имав мала надеж... Но, за жал, скокна во погрешна насока и видов како паѓа во водата, како тоа да е единственото место каде што сакал да биде.

go-krevav-znameto-mi-skokna-burmata-koj-e-italijanecot-koj-go-spasi-otvoranjeto-na-olimpijadata-vo-pariz-03.jpg

Тоа беа неколку мига што траеја засекогаш.

Но, ако навистина требаше да се случи, ако навистина требаше да ја загубам верата, не можев да замислам подобро место за тоа. Ќе остане засекогаш на дното на реката во градот на љубовта.

Ми летна додека се обидував да го кренам италијанското знаме колку што е можно повисоко за време на церемонијата за отворањето, што воедно е најважниот спортски настан во светот.

Да требаше да измислам причина, никогаш немаше да ми текне такво нешто.

go-krevav-znameto-mi-skokna-burmata-koj-e-italijanecot-koj-go-spasi-otvoranjeto-na-olimpijadata-vo-pariz-04.jpg

Мислам дека има поетска страна на овој несреќен настан и ако сакаш заедно ќе ја фрлиме и твојата бурма за да бидат засекогаш заедно и ние ќе имаме уште еден изговор за да ги обновиме заветите и да се венчаме повторно.

Те сакам љубов моја.

Нека ова биде добар предзнак и да се вратам дома со уште поголемо злато“ – порача тој на Инстаграм.

Инаку Џанмарко и Кјара биле свршени 13 години, а стапија во брак во септември 2022-ра година. Познато е дека тие се во врска уште од тинејџерските денови.

Кјара е ќерка на италијанскиот мотоциклист Пјерџорџо Бонтемпи, а во една пригода изјави дека уште како дете научила колку е важна поддршката на семејството за спортистите.

„Јас знам како да го смирам. Јас сум постојано таму, особено во важните мигови, дури и кога тој не го бара тоа од мене. Моето присуство го смирува“ – изјава Кјара во една пригода.

Повеќе фотки од Џанмарко и Кјара во продолжение:

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Беше оженет за Плејбој модел и доби син, сега е во врска со друг маж – Бурниот љубовен живот на Ралф... „Останав три вечери со него, но тој не ме допре ниту со прст, не се ни бакнавме“...
Никола Јокиќ откри зошто веќе нема да ја носи бурмата на патиките – сигурно сопругата му се „заканил... „Нема да ризикува истото да му се случи третпат“ – велат низ смеа оние што го по...
Надал емотивно објави дека ќе се пензионира: „Им благодарам на моите ривали, ќе ги памтам засекогаш“ „Тука сум да ви кажам дека ќе се пензионирам од професионалниот тенис. Им благод...
Италијанскиот пливач, кој освои злато, спие во парк: „Подобро таму, отколку без клима и на картонски... Хит видео и фотки од олимпиецот кој освои злато, а спие на трева во парк во Пари...
Ервин Цого испиша историја во македонскиот баскет, стана првиот Македонец кој настапил на World Tour... „Нема поголема чест од ова. Отсекогаш сум сакал да играм на World Tour, но никог...
Со пенисот ја турна пречката, па доби понуда од порно сајт – Кој е олимпиецот Антони Амирати? Во слободно време работи како резервист, а веќе откри кои му се плановите кога ќ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg