По скандалот за допинг на Олимписки Игри, 15-годишната Русинка доби дозвола да продолжи да се натпреварува
- Детали
- понеделник, 14 февруари 2022
Светот со нетрпение го очекува настапот на 15-годишната Камила Валиева, откако Судот за спортска арбитража ја прекина суспензијата поради допинг. Камила ќе настапи во вторник, а за скандалот ќе бидат испрашувани сите членови на нејзиниот тим.
Нов пресврт во приказната на 15-годишната руска лизгачка Камила Валиева, која го освои светот откако на Олимписките Игри во Пекинг успеа да изведе невозможен четирискок двапати.
Камила Валиева од Русија ѝ обезбеди златен медал на руската репрезентација во уметничко лизгање на Олимписките игри, откако двапати изведе четирискок.
15-годишното девојче е првата лизгачка во историјата што успеала во овој подвиг, но нејзината победа беше доведена во прашање откако кај неа било забележано присуство на лек кој е забранет за спортисти.
I’m still speechless #KamilaValieva
— B ౨ৎ ⟡ || ⧗ ➹ ⛈️🧷🍉🌱 (@Boo111009) February 7, 2022
pic.twitter.com/zdfda4XFoe
На 8-ми февруари Валиева беше суспендирана откако во примерок од урина за време на Рускиот Шампионат во декември 2021-ва кај неа било најдено присуство на лекот триметазидин.
Според најновите информации, Судот за спортска арбитража одлучил да ја прекине суспензијата на младата лизгачка и да ѝ овозможи да го продолжи натпреварувањето во Пекинг.
По ова, Валиева ќе се појави на Олимпијадата и во вторник каде ќе се натпреварува во категоријата жени, а веќе важи за фаворит и во оваа категорија. Според најавите таа има намера да направи трискок и тројно завртување.
Со оглед на тоа што е малолетна, поради проблемот со допингот ќе бидат испитувани и останатите членови на нејзиниот тим, а поради скандалот се одложува и церемонијата за доделување на олимписките медали, каде САД го освои сребрениот, а Јапонија златниот медал.
Според одлуката на Меѓународниот Олимписки комитет (I.O.C) доколку Камила во идните натпреварувања победи таа нема да добие олимписки медал сѐ додека во целост не се заврши скандалот околу допингот и истиот не добие правна разрешница.
Прочитајте и 15-годишно девојче испиша историја на Олимписките игри со „невозможен“ скок - Која е Камила Валиева?
Б. С. Б. | Црнобело