Млад скијач освои сребро на Олимписките игри по страшна сообраќајна несреќа - бил во кома со скршен череп

Американскиот скијач Колби Стивенсон кој освои сребро на Олимписките игри во Пекинг, во 2016 година доживеа страшна сообраќајна несреќа која можеше да значи крај за неговата кариера – 24-годишното момче имало 30 скршеници на черепот, скршеници на вратот, како и сериозни повреди на мозокот.

amerikanski-skijach-osvoi-srebro-na-olimpiskite-igri-po-strashna-soobrakjajna-nesrekja-bil-vo-koma-so-skrshen-cherep-01.jpg

Колби Стивенсон е 24-годишен скијач од Јута, САД, кој на овогодишните зимски Олимписки игри освои сребро.

Но покрај неговиот успех во спортот, Колби е личност за восхит поради страшен настан од 2016 година.

Кога имал само 18 години, Колби доживеал сообраќајна несреќа при која се здобил со скршеници и сериозни повреди на мозокот, а по трагедијата поминал три дена во индуцирана кома.

amerikanski-skijach-osvoi-srebro-na-olimpiskite-igri-po-strashna-soobrakjajna-nesrekja-bil-vo-koma-so-skrshen-cherep-02 (1).jpg

Во 2016 година Колби го возел автомобилот на неговиот пријател на автопат во Ајдахо кога заспал зад воланот. Возилото се превртило неколкупати и покривот бил целосно смачкан, при што Колби се здобил со 30 скршеници само на черепот.

Младиот скијач имал и скршеници на вратот, како и сериозни повреди на мозокот. Поради повредите, лекарите морале да го стават во кома за да му го спасат животот.

amerikanski-skijach-osvoi-srebro-na-olimpiskite-igri-po-strashna-soobrakjajna-nesrekja-bil-vo-koma-so-skrshen-cherep-06.jpg

Дотогаш Колби бил искусен скијач, но поради несреќата постоела опасност никогаш да не може да му се врати на спорот.

На големо изненадување на сите, Колби закрепнал и продолжил со скијање само шест месеци по несреќата.

amerikanski-skijach-osvoi-srebro-na-olimpiskite-igri-po-strashna-soobrakjajna-nesrekja-bil-vo-koma-so-skrshen-cherep-07.jpg

Сега, речиси шест години подоцна, Колби стана олимписки скијач и освои сребро, а вели дека несреќата драстично му го променила погледот кон животот.

„Уште ја гледам несреќата како животна лекција – само да живеам и да уживам во секој момент. Да уживам во малите нешта бидејќи сме навистина среќни што сме живи. Штом ќе почнете да ги цените малите нешта, тогаш големите настани во вашиот живот ќе ви значат многу повеќе.

Кога му се вратив на скијањето се чувствував како мало дете кое учи да вози велосипед. Беше прекрасно. Уште го помнам тоа чувство“.

amerikanski-skijach-osvoi-srebro-na-olimpiskite-igri-po-strashna-soobrakjajna-nesrekja-bil-vo-koma-so-skrshen-cherep-05.jpg

Зборовите на Колби се вистинска инспирација за други кои биле во негова положба, но и луѓе кои минуваат низ тежок период од животот поради други причини:

„Вашиот карактер ќе биде зајакнат во најмрачните мигови. Овие мигови ќе ви покажат кои сте, а може да биде страшно да станете свесни за тоа.

Почнете да размислувате за што сте благодарни. Обрнете внимание на она што го имате. Не заборавајте дека вие имате работи што другите ги немаат“.

amerikanski-skijach-osvoi-srebro-na-olimpiskite-igri-po-strashna-soobrakjajna-nesrekja-bil-vo-koma-so-skrshen-cherep-03.jpg

Иако е олимпиец кој дефинитивно го чека блескава кариера, Колби е скромно момче и вели дека најмногу ужива во миговите со семејството:

„Сакам да се дружам со семејството, да играм карти со баба. Ја сфатив вредноста на овие работи по несреќата. Си реков: ’Уживам во овие работи, среќен сум да ги правам и само нив‘.

А, како што закрепнував и можев да уживам и во други нешта, станував поблагодарен за нив“.

amerikanski-skijach-osvoi-srebro-na-olimpiskite-igri-po-strashna-soobrakjajna-nesrekja-bil-vo-koma-so-skrshen-cherep-04.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Дајте му улога во Џон Вик“ - Хит мемиња од олимпиецот кој без опрема, со рака во џеб освои сребро в... Турскиот натпреварувач во стрелање со пиштол на 10 метри освои сребро на Олимпис...
Зошто Мајк Тајсон по 20 години се врати во рингот и колку пари заработи од мечот со Џејк Пол? „За малку ќе умрев, добив 8 трансфузии, но сепак ги издржав 8-те рунди“ – рече М...
Петар Заборски од „Макпетрол” освои бронза на светската карате лига во Атина Каратистот на „Макпетрол“, Петар Заборски, се закити со бронзено одличје на турн...
Италијанскиот пливач, кој освои злато, спие во парк: „Подобро таму, отколку без клима и на картонски... Хит видео и фотки од олимпиецот кој освои злато, а спие на трева во парк во Пари...
Хари Кејн има најромантична приказна меѓу фудбалерите: Со сопругата учел во основно, Бекам е „винове... Капитенот на англиската фудбалска репрезентација, Хари Кејн, ја има една од нају...
Шампањ, факели и српска музика во луксузен ресторан – Како ја прослави Новак Ѓоковиќ победата во Пар... Со шампањ, факели и патриотска српска песна Новак Ѓоковиќ среде Париз го прослав...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg