На колегата му ги „украл“ местото во клубот и девојката: Факти за Макс Ферстапен, новиот шампион во Формула 1
- Детали
- понеделник, 13 декември 2021
Ферстапен го замени Даниил Квајат во тимот на Red Bull, а сега е во врска и со неговата поранешна девојка. Почнал да вози картинг на 4 години, а во Формула 1 настапувал и пред да добие возачка дозвола. Факти за Макс Ферстапен, новиот шампион во Формула 1.
Откако за првпат ја доби титулата шампион во Формула 1 Макс Фестрапен беше фотографиран како се прегрнува со неговата девојка Кели Пике во Абу Даби.
Додека Луис Хамилтон се тешеше по загубата со неговиот татко Ентони Хамилтон, Макс веднаш штом излезе од болидот ја побара својата девојка.
На својот Инстаграм профил по победата Макс му се заблагодари прво на својот татко Јос Ферстапен, на тимот во Red Bull и на пријателите и членовите на семејството:
„Ова е неверојатно. Пред многу години почнав да се тркам заедно со татко ми. Сонувавме да станеме светски шампиони и еве сме“ – напиша меѓу другото Макс.
Инаку, Кели Пике (33) е модел и е ќерка на Формула 1 легендата Нелсон Пике (69), а од врската со поранешниот клупски колега на Фесртапен во Red Bull, Даниил Квајат (27) таа има 2-годишна ќерка.
Во продолжение повеќе интересни факти за Ферстапен што можеби не сте ги знаеле:
Ферстапен почнал да вози картинг на 4-годишна возраст, кога неговиот татко Јос Ферстапен му го купил првиот картинг-болид.
Првиот настап за Формула 1 го имал на 17-годишна возраст на австралиското Гран При во 2015-та година. Интересно е тоа што иако веќе почнал кариера како професионален возач во Формула 1, сè уште немал возачка дозвола за автомобил.
Макс по националност е од Белгија, но настапува со холандско знаме. Вели дека многу повеќе се чувствува како Холанѓанец, затоа што поминувал многу повеќе време со татко му кој е од Холандија, отколку со неговата мајка која е од Белгија.
Растел во гратчето Маасеик што се наоѓа на границата меѓу Холандија и Белгија, а во 2015-та рече:
„Всушност јас само спиев во Белгија, но во текот на денот одев во Холандија и таму ми беа сите пријатели. Пораснав како Холанѓанец и така се чувствувам“.