Еуфорија за првиот настап на Роналдо за Манчестер Јунајтед: Џорџина и Долорес во поддршка на фудбалерот
- Детали
- сабота, 11 септември 2021
Мајката на Кристијано Роналдо, Марија Долорес не ја пропушта шансата да присуствува на првиот натпревар што мега популарниот фудбалер ќе го одигра за Манчестер Јунајтед.
Таа не ја криеше возбудата што нејзиниот син ќе игра повторно на Олд Трафорд па на нејзиниот Инстаграм профил објави повеќе фотографии со кои најави дека иако не живее повеќе со Кристијано и Џорџина, сепак е тука за да му даде максимална поддршка.
Таа уште во текот на минатиот ден објави фотографија од авион на која се гледа дека заедно со нејзиниот партнер патуваат да го проследат натпреварот помеѓу Манчестер Јунајтед и Њукасл.
Освен тоа, таа утрово објави повеќе фотографии со нејзиниот најстар внук Кристијано Роналдо Јуниор (11) до кои напиша:
„Среќно Манчестер!!! Ве бакнувам сите и ви посакувам многу среќа во сабота“
Неговата партнерка Џорџина Родригез непосредно пред натпреварот во Инстаграм Стори објави кратко видео во кое испраќа бакнеќи до публиката и ги одбројува минутите до почетокот на натпреварот.
Инаку, по најавата за враќањето на Роналдо во тимот каде што впрочем и ја започна фудбалската кариера публиката во Велика Британија, а особено навивачите на Црвените Ѓаволи не ја кријат среќата и задоволството. На официјалниот твитер профил на фудбалскиот клуб е објавено видео од пристигнувањето на Португалецот на Олд Трафорд.
𝗛𝗲'𝘀 𝗵𝗲𝗿𝗲 👀
— Manchester United (@ManUtd) September 11, 2021
👋 @Cristiano#MUFC | #MUNNEW
Цел Манчестер денес пред почнувањето на натпреварот беше покриен со билборди на кои се Роналдо и Сер Алекс Фергусон, а публиката особено ја израдува веста што Роналдо по враќањето во тимот, натпреварот ќе го почне од првата минута и ќе го предводи нападот.
Погледнете го моментот кога публиката со овации го поздрави излегувањето на Роналдо од соблекувалната:
Just listen to that noise 😱🔊#MUFC | #MUNNEW pic.twitter.com/YETEMXexCs
— Manchester United (@ManUtd) September 11, 2021
Oд продажбата на дресови со бројот 7 што Роналдо ќе го носи во старо-новиот тим се заработени околу 220 милиони евра.
Погледнете ја еуфоријата што следеше откако Роналдо го даде првиот гол на натпреварот:
CRISTIANO RONALDO’S FIRST GOAL ❤️ https://t.co/ZZZZGqVjxV
— 🇾🇪🇵🇹 (@MezzalaMindset) September 11, 2021
На Твитер исто така, обожавателите ја споделуваат и реакцијата на мајката на Роналдо, Долорес Марија откако тој го даде првиот гол.
Cristiano Ronaldo's mom after he scored 🧡🧡🧡🧡🧡...
— ChrisHazeArt.tez #MUFC 🔴🔥 (@PrinceChrisMUFC) September 11, 2021
Gotta love mothers pic.twitter.com/06Er3Gg6Xd
Прочитајте и Кристијано Роналдо дојде во „Јунајтед“ како скромен тинејџер со мајка му - се враќа како ѕвезда и милијардер со 4 деца
Б. С. Б. | Црнобело