Трет пораз за македонските фудбалери – изгубија од поранешниот првак на Европско, но сите сме горди на нивниот успех
- Детали
- понеделник, 21 јуни 2021
На третиот натпревар за Македонија на Европско нашите фудбалери играа против Холандија и беа поразени со резултат 3:0 за Холандија. Истовремено, ова беше последниот натпревар на македонската фудбалска легенда Горан Пандев.
Фото: ФФМ
За Македонија, ова е првото учество на Европското фудбалско првенство, па и покрај трите порази на нашите фудбалери, сите сме особено горди на нивниот успех.
На натпреварот против Холандија, кој се одржа во Амстердам, нашите фудбалери го дадоа најдоброто од себе, но тоа не беше доволно за да ја победат Холандија која во 1988-ма беше и европски шампион. Претходно, Македонија изгуби на напреварите со Австрија и Украина. Овојпат резултатот беше 3:0 за Холандија.
Храброста што ја покажаа нашите момци на теренот против поранешните прваци е за восхит, а ние уште долго ќе бидеме горди на овој нивен подвиг. Сигурни сме дека наскоро можеме да очекуваме уште подобри резултати.
Истовремено, ова беше и последниот натпревар на македонската фудбалска легенда Горан Пандев, кој најави дека ќе се пензионира.
Пред самиот почеток на натпреварот, пак, Холанѓаните ја покажаа нивната почит за македонскиот фудбалер. Капитенот на холандскиот тим му подари дрес со број 122 – бројот на натпревари што Пандев ги одигра во неговата кариера.
Respect.
— UEFA EURO 2024 (@EURO2024) June 21, 2021
1⃣2⃣2⃣👕 The Netherlands pay tribute to Goran Pandev before his 122nd and final international appearance.#EURO2020 pic.twitter.com/b0RYySRklo
Најголемата македонска фудбалска ѕвезда одигра одлично и го даде првиот гол за Македонија на Европско. Тој е и ќе продолжи да биде инспирација и гордост за сите идни генерации.
Спирова С. | Црнобело / Фото: ФФМ