Му кажале дека нема да успее, има IQ од 150 – факти за Френк Лампард, еден од најпаметните фудбалери во светот
- Детали
- недела, 28 ноември 2021
Светски познатиот фудбалер е еден од најинтелигентните играчи, пишува книги за деца, а годинава стана татко по четврти пат.
Пред некој месец, фудбалерот Френк Лампард стана татко по четврти пат. Тој и неговата сопруга Кристин Лампард го добија второто заедничко дете - синот Фредерик Џорџ Лампард.
Инаку ова е второ дете на фудбалерот и тренер со ТВ презентерката Кристин, а од бракот со Елен Ривас има уште две ќерки - Луна и Исла. Од бракот со Кристин, Френк ја има и ќерката Патриција која сега има две години.
Лампард потекнува од фудбалско семејство. Неговиот татко, Френк Лампард постариот, бил професионален фудбалер и технички асистент за Вестхем Јунајтед. Неговиот чичко е Хери Редкнап, а братучед му е Џејми Редкнап.
;
Како интересен факт често се споменува дека еднаш во училиште, еден од неговите наставници му рекол дека ако го посвети животот на фудбал, нема да успее.
За среќа, Френк воопшто не се чувствувал обесхрабрен од таквите зборови, а на првиот натпревар со Челзи му испратил билет на наставникот.
Кога Френк започнал да игра за Вест Хем во 1996-тата, во времето додека неговиот татко бил технички асистент, често се говорело дека тој влегол во првиот тим заради татко му, а не поради тоа што е талентиран.
Фановите на Вест Хем во тој период го викале „Дебелиот Френк“.
Во првите денови кога преминал во тимот на Челзи, негов најголем учител бил Хуан Себастијан Верон.
Инаку, Лампард наоѓа големо задоволство во обложување на трки со коњи. Често може да се забележи на трките заедно со Џон Тери, Арџен Робен и Маниче. Наводно, во една прилика пријателите загубиле 720.000 евра на трки.
Жозе Мурињо велеше дека не постои попаметен фудбалер од Лампард. Тој има IQ од 150, што го става на речиси исто рамниште со Алберт Ајнштајн. Се претпоставува дека единствено Жерар Пике има поголем коефициент на интелигенција од познатиот фудбалер.
Освен тоа, тој има бројни рекорди. На пример, тој е играч со најмногу последователни игри во историјата на Премиер лигата и не пропуштил ниту еден од 164-те натпревари во периодот од 2001 до 2005.
Исто така успеа да се запише во Гинисовата книга на рекорди како играч кој успеал да поентира против најмногу тимови во Премиер Лигата.
Иронично е што овој рекорд го поставува откако го даде голот против својот тим Челзи додека ги носеше боите на Манчестер Сити за време на краткотрајната размена. Тој е и играчот со најмногу голови во Челзи - вкупно 211.
Во 2013-тата се обиде да пишува книга за деца и ја објави Frankie's Magic Football Book наменета за деца над 5 години. Оттогаш има напишано вкупно 10 книги за деца.
Тој и Кристин се венчаа во 2015-тата година, а се заедно од 2009-тата година. Како што во една прилика откри познатата ТВ презентерка, таа и Френк се запознале сосема случајно на доделувањето на наградите Pride Of Britian.
Кристин во таа прилика нагласи дека таа вечер воопшто и не требало да бидат на доделувањето на наградите.
„Тој во последен миг одлучи да оди, а јас пристигнав подоцна затоа што работев. Бевме сместени на масите еден до друг“.
Кристин тогаш се пошегува дека за нивното запознавање е заслужен новинарот Пирс Морган.
Инаку, во 2019-тата година, по повод 4 години од нивниот брак, Кристин објави фотографија од свадбата со Френк до која напиша:
„На денешен ден пред 4 години се омажив за мојата сродна душа. Ти си најдобриот сопруг и татко што само можевме да го посакаме. Среќа годишнина“.
Кратко по породувањето, Кристин на нејзиниот Инстаграм профил сподели фотографија од најновиот член на семејството Лампард. Бебето Фредерик се роди во март годинава.
Што се однесува до кариерата на познатиот фудбалер на Челзи, тој стана тренер на тимот и сè уште му се отворени многу опции.
Во јануари годинава тој беше отпуштен од тимот на Стемфорд Бриџ по првата сезона и изгледа сега ќе ужива во брачната идила со најновиот член во семејството.
Б. С. Б. | Црнобело