Џон Траволта со ќерка му танцува како во „Брилијантин“ – Најдобрите реклами за Super Bowl 2021 (видео)
- Детали
- четврток, 04 февруари 2021
Иако ништо нема да може да го замени минатогодишното шоу кое го направија Џеј Ло и Шакира, сепак НФЛ ќе се обидат да го задржат вниманието на гледачите на полувреме со неколку добри реклами за кои компаниите одвојуваат буџет од околу 5 милиони долари.
Super Bowl е најголемиот спортски настан во САД, а на полувремето секогаш има спектакуларно музичко шоу. Минатата година Џеј Ло и Шакира направија спектакл со нивниот настап, а оваа година на 7-ми февруари, сцената на полувремето ќе ја заземе The Weeknd.
Потсетете се на Шакира ја загреа сцената, Џеј Ло играше на шипка: спектакуларниот настап на Super Bowl (фото+видео)
Покрај музичките настапи, вниманието на гледачите секогаш го привлекуваат и рекламите за кои секоја година големите компании одвојуваат огромен буџет.
Компаниите вложуваат многу во уникатни реклами кои ќе им го задржат вниманието на гледачите пред малите екрани, односно околу 5.5 милиони долари за 30-секундна реклама.
Оваа година, Мила Кунис и Ештон Кучер имаат улога во рекламата на Cheetos, Метју Меконахи во рекламата на Doritos, а во рекламата на Scotts&Miravle-Gro, се појавуваат неколку славни личности, меѓу кои и Џон Траволта со неговата ќерка, кои танцуваат во стилот на Брилијантин.
Погледнете ги најпопуларните реклами за Super Bowl 2021:
Scotts&Miravle-Gro
https://www.youtube.com/watch?v=-QKt8GtRUOA
Tide
https://www.youtube.com/watch?v=YvjuL6Bci6M
Amazon, Alexa
Cheetos
https://www.youtube.com/watch?v=o7yvrDTtsHw
Doritos
https://www.youtube.com/watch?v=BLuqtTn4610
Stella Artois
M&M
https://www.youtube.com/watch?v=lKUcHcizEMc
Pringles
Ford
https://www.youtube.com/watch?v=XrQhFUCBhBg
М. М. | Црнобело