Шпанскиот ракометар Гурбиндо доби ќерка со сопругата Македонка - чекаа еден месец за да ги објават убавите вести
- Детали
- понеделник, 29 април 2024
Во Македонија ја најде љубовта на својот живот, а сега шпанскиот ракометен репрезентативец Едуардо Гурбиндо се пофали дека со сопругата Елена, добиле ќерка. Ракометарот ги сподели првите фотки од бебето Алба.
Шпанскиот ракометен репрезентативец Едуардо Гурбиндо, кој е во брак со Македонката Елена Милева, на Инстаграм ги објави првите фотки од најновиот член на нивното семејство, ќерката Алба.
Шпанскиот ракометен репрезентативец Едуардо Гурбиндо, во минатото играше за ракометниот клуб „Вардар“, а токму тука во Македонија, ја најде и својата љубов, Елена Милева.
Елена и Едуардо се во брак од 2021-ва година, неколку месеци подоцна го добија синот Лиам, а сега се пофалија дека нивното семејство е поголемо за уште еден член.
Ракометарот кој во моментов игра за ракометниот клуб THW Kiel, на социјалните мрежи објави дека тој и неговата сопруга на 28-ми март годинава ја добиле ќерката Алба и ги сподели првите фотки со неа, точно на денот кога таа наполни 1 месец (28.04).
Во описот од објавата, ракометарот и сопругата нагласија дека нивното моментално место на живеење (Кил) секогаш ќе го паметат како местото каде што се родила нивната ќерка.
„Најслаткото дополнување на нашето семејство. Кил, со тебе имаме нераскинлива поврзаност и секогаш ќе имаш посебно место во нашите срца. И тој број 28... Секогаш ќе го помниме“ – стои во објавата.
Освен од новородената ќерка, ракометарот сподели и преслатка фотографија на која братчето Лиам ја бакнува и ја држи својата помала сестричка.
Погледнете уште неколку фотографии во продолжение:
Б. С. Б. | Црнобело / фото: Инстаграм