Шакира ја загреа сцената, Џеј Ло играше на шипка: спектакуларниот настап на Super Bowl (фото+видео)
- Детали
- понеделник, 03 февруари 2020
Џеј Ло и Шакира се здружија и приредија незаборавно шоу на полувремето на Super Bowl.
За само 12-тина минути, двете ѕвезди го покажаа својот уникатен стил и неверојатни способности на сцена.
Настапот го започна Шакира со хитот „She Wolf“, а веднаш потоа ја изведе „Empire“. Пејачката се појави на сцена со црвен костим, кој потоа го замени со златен.
После кратко танцување, ѕвездата ја изведе и незаборавната „Whenever, Wherever“, како и синглот на Карди Би „I Like It“.
Потоа, на 43-годишната пејачка ѝ се придружи и Џеј Ло. Ѕвездата го започна настапот со „Jenny from the Block“, а веднаш потоа ја изведе „Get Right“.
Џеј Ло носеше црн кожен комбинезон, кој го замени со сребрен додека ја изведуваше „Waiting for Tonight“. Џенифер ги почести присутните и со танц на шипка, а потоа, заедно со Џеј Балвин, танцуваше на ремикс од „Love Don’t Cost a Thing“.
Лопез ја изведе и „Mi Gente“, но и безвременската „On the Floor“.
Можеби најинтересниот момент беше кога на сцената ѝ се придружи и нејзината 11-годишна ќерка Еме.
Додека Еме ја изведуваше „Let’s Get Loud“, Шакира ги покажа тапанарските способности, а Џеј Ло се појави со огромно знаме на Порторико направено од пердуви.
Еме ја испеа и „Born in the U.S.A.“ на Брус Спрингстин, пред Шакира и Џеј Ло да ја изведат „Let’s Get Loud“.
Дуото го изведе и хитот на Шакира „Waka Waka“ и го завршија спектакуларниот настап.
Шакира и Џенифер Лопез на Super Bowl:
Спирова С. | Црнобело